Обвинителство: Србите обвинети за убиството на Тушевски во 2003та биле гаѓани со золја

Сопственичка на кафеаната Панта Реи очевидец на убиството на Тушевски сведочеше во Ровер.

Откако слушнала пукање го видела паднатото тело на Тушевски кое се уште давало знаци на живот. До него имало мала торба полна со пари и два мобилни телефони кои ѕвонеле во тој момент.

Се вратила во кафулето затоа што дошол непознат човек кој и се претставил како доктор и рекол да се тргне. 10 минути подоцна двајца маскирани со фантомки на глава истрчале пред неа и вперил пиштол кон нејзиниот син, по што избегале, раскажуваше сведокот.

Полицијата се уште не била дојдена на лице место, кога бел автомобил застанал непосредно до телото. Излегле дечко и девојка кои разговарале на српски и си заминале.

- Ниту еден од досегашните сведоци не посочи јасно и гласно кои се извршители на убиството и дека видел кој им помагал изјави Димитар Савовски, адвокат на обвинетиот Сашко Јовановски.

Обвинителката ја отвори темата за обид за ликвидација во Скопје на првообвинетите Срби кои се во бегство. Адвокатите тврдеа дека прв пат денеска слушнале за овој случај кој имал и оперативно име Стрејкер.

- Тоа денеска разбрав, во 2003та кај грчка амбасада се пукало со золја во првите четворица обвинети и оттогаш не доаѓале во Македонија, изјави адвокатот Савовски.

Савовски најави дека ќе бара реконструкција на убиството на лице место во Капиштец за да се разјаснат сите дилеми.

Остануваат да бидат сослушани уште тројца сведоци на обвинителството по што одбраната ќе може да предлага свои сведоци.

Теретана на отворено за прв пат во општина Илинден

Комплетно опремена спортска теретана на отворено за прв пат добија жителите на Општина Илинден, која се наоѓа кај пешачко – велосипедската патека во Марино, соопшти Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакнал дека во рамки на ова фитнес катче, каде младите па и повозрасните жители на општината ќе можат да се рекреираат и вежбаат, поставени се повеќе најсовремени фитнес справи.

-Досегашната пракса на инвестирање и создавање на услови за спортување, постојано се докажува како највредна инвестиција за сите генерации, па затоа Општина Илинден од сопствениот буџет оддвои средства за реализација на спортската теретана на отворено, а во наредниот период продолжува и понатаму со инвестиции во спортот и спортските терени на нејзина територија, се наведува во соопштението.

Сапунот од кокос - благотворен против комарци

Има многу производи коишто ги одбиваат комарците, а според новите истражувања, тука спаѓа и сапунот. 

Некои сапуни имаат делотворен ефект против комарци, но други сапуни го чинат спротивното. Во таа смисла, се препорачува сапун со состојки од кокос.

Комарците се потпираат на своите мирисни сетила, па нивното однесување зависи од нив. А пак, испитување објавено во списанието „Ајсајенс“ (iScience) покажува дека сапуните го менуваат мирисот на луѓето. Според Министерството за земјоделство на САД вели дека масните киселини во кокосовото масло имаат „силна одбивност и долготрајна делотворност“ против инсектите воопшто - комарци, крлежи, бубачки и муви.

Имено, според научните испитувања, тие масни киселини од кокос се 90 отсто благотворни во спречувањето каснувања од комарци.

Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот

Лишен од слобода е кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот, оваа информација денеска ја потврдија од МВР за МИА. 

- Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, е официјалната информација од СВР Велес.

Заканите биле упатени во угостителски објект.

притисни ентер