Папата им го честиташе Велигден на православните христијани

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска им го честиташе Велигден на православните христијани и верниците од источните цркви кои го слават според јулијанскиот календар, пренесе Ватикан њуз.

- Со најтопли чувства упатувам честитки до браќата и сестрите од православните цркви и некои источни цркви кои денеска го слават Светиот Велигден според јулијанскиот календар. Нека воскреснатиот Господ ги исполни сите заедници со радост и мир и да ги утеши оние кои поминуваат низ искушенија, рече папата на крајот од традиционалната неделна миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Во својата проповед пред неделната молитва, папата повторно повика на молитви за жртвите од поплавите во Бразил, како и за мир во Украина, Израел и на палестинските територии.

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

Видео: Страшна глетка, невреме кај Градско

Страшно невреме вечерва во делови од Македонија, до нашата редакција пристигна видео од страшната глетка на автопатот кон Скопје веднаш после Градско.

На снимката може да се забележат поројни врнежи од дожд и повремени грмотевици.

притисни ентер