Почна судењето на негувателката, која уби бебе врзувајќи го за вреќа грав- негира вина

Воспитувачката во градинка, Кејт Роули (37) е обвинета дека предизвикала смрт на бебе кое го држела врзано за вреќа со грав повеќе од еден час во градинката каде што работела.

Кејт го пронашла деветмесечното бебе помодрено и онесвестено по попладневната дремка во градинка на 9 мај 2022 година, објави Би-Би-Си.

Го врзала бебето за вреќа со грав и цело време го игнорирала плачот и врескањето на бебето.

Судењето за убиството на бебето продолжи денеска, а негувателката Кејт изјавила дека не се чувствува виновна.

„Ја заспав на страна, немаше причина за грижа додека не сфатив дека не дише“, изјавила Кејт.

Потоа одговарајќи на прашањата на адвокатот објаснила за што не чувствува одговорност.

„Јас сум одговорна затоа што тоа се случи додека бев на смена, но мислам дека моите постапки не доведоа до смрт на бебето“, рече таа.

Негувателката потоа објаснила дека не мислела дека направила нешто незаконско.

„Го правев истото како и секој ден. Се однесував кон починатото бебе исто како што се однесував кон другите деца“, рекла таа.

Таа открила и дека не поминува ден, а да не размисли што се случило.

Кејт цело време негирала дека е виновна за убиство од небрежност, а судењето ќе продолжи во наредните денови.

Вооружени напаѓачи пукале во фудбалери ан Марсеј- сакале да им ги украдат автомобилите

Фудбалерите на Марсеј, Бамо Меите (22), Фарис Мумбањ (23) и Жан Онана (24) биле жртви на обид за вооружен грабеж при враќањето дома по победата во лигата против Ле Авр (2:1).

Маскирани и вооружени напаѓачи ги пресретнале на излезот од тренинг центарот на клубот и се обиделе да им ги земат автомобилите.

Триото од Марсеј се обидело да побегне со своите автомобили, а потоа напаѓачите почнале да пукаат кон нив. За среќа никој не е повреден, повеќето куршуми ги промашиле не само играчите туку и болидите. Полицијата при вештачењето пронашла две дупки на возачката врата на едното возило и една дупка во багажникот на другото.

Обвинителството во Марсеј нареди истрага, а по непознатите напаѓачи се уште се трага. Да потсетиме, фудбалерите на Марсеј непосредно пред нападот завршија многу слаба сезона за својот клуб. Нивната позиција во шампионатот не обезбеди настап во Европа следната сезона, заостануваа само еден бод зад Ленс, кој ќе игра квалификации за Конференциската лига.

„Гугл“ ќе вложи една милијарда евра во проширување на центарот за податоци во Финска

„Алфабет“, матичната компанија на американската технолошка корпорација „Гугл“, денеска најави дека ќе вложи една милијарда евра во проширувањето на главниот центар за податоци во Финска.

Главната причина за проширувањето е лесниот пристап до зелената енергија на локацијата Хамина, јужна Финска. Претходно „Гугл“ се обврза дека до крајот на деценијата сите канцеларии и центри за податоци ќе се напојуваат од обновливи извори на енергија.

„Гугл“ исто така планира да работи со локална комунална компанија и вишокот топлина од центарот за податоци да го пренасочи во системот за загревање на домаќинствата во Финска.

Израелските лидери ја осудија одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Израелските лидери ја осудија одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да бара налог за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант.

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотич рече дека сите Израелци треба да се чувствуваат како да е распишана потерница против нив и ги повика пријателските земји да преземат акција за распуштање на МКС.

Одлуката на МКС ја нарече „приказ на лицемерие и омраза кон Евреите“ што, како што тврди, наликува на нацистичка пропаганда.

Лидерот на опозицијата Жаир Лапид изјавата на МКС ја окарактеризира како „катастрофа“ и рече дека се надева оти Конгресот на САД ќе интервенира во ова прашање.

Министерот Бени Ганц ја осуди одлуката на МКС, нарекувајќи ја „злосторство од историски размери“, пренесува Ројтерс.

„Споредувањето на решеноста на лидерите на една демократска држава да се бранат од теророт на крволочната терористичка организација (Хамас) е длабоко кршење на правдата и очигледен морален банкрот“, рече Ганц.

Претходно денеска МКС побара потерница за Бенјамин Нетанјаху и Јоав Галант за наводни воени злосторства, како и за апсење на лидерот на Хамас.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, рече дека Нетанјаху и Галант се обвинети за „поттикнување истребување, поттикнување гладување како метод на војна, вклучително и негирање на хуманитарна помош и намерно таргетирање на цивили во конфликтот“.

Лидерите на Хамас, Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије се обвинети за истребување, убиства, земање заложници, силување и сексуален напад.

притисни ентер