Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат со татко му

Полицаец, заедно со уште двајца скопјани, се осомничени за грабнување и разбојништво, бидејќи киднапирале маж, а откако го повредиле, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко доколку не им исплати 10.000 евра.... 

Полицаец учесник во киндапирање, заедно со уште две лица тешко повредиле 34 годишен скопјанец, а потоа му се заканиле дека ќе го убијат него, а и татко му. Филмските сцени се одиграле на 23 април по полноќ, тројцата го извикале 34-годишникот од неговиот дом со изговор да им помогне, при што насилно го внеле во автомобилот кој го управувал полицаецот. Се упатиле кон мосот „Беласица“ а попатно осомничениот А.Н. му нанел убоди со нож во рамото и ногата. Кога пристигнале, го изнеле под мостот и сите тројца го клоцале и го удирале со тупаници нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Агонијата не завршила тука, пред да го пуштат му одзеле 8.000 денари и му се заканиле, ако до први, кога и пријавил во полиција, не им даде 10.000 евра ќе го убијат него и татко му. Од тројцата осомничени две се во притвор, додека по едно се трага бидејќи е во бегство...

„Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. ОЈО Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.“

Од МВР за Канал 5 велат дека по однос на изјавите на пријавителот се утврдило дека еден од осомничените е полициски службеник, за кој додаваат дека се преземени си законски дејствија.

„Според првичната пријава тој не отишол на преглед и не го пријавил настанот во полициска станица затоа што лицата му се заканиле. По преземени мерки на полициските службеници е утврдено дека лицето кое го управувало возилото е всушност полициски службеник. За случајот со полицискиот службеник е известен одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди и по добивање на кривичната пријава ќе биде поднесен предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспензија на полицискиот службеник од работното место се до завршување на постапката.“

Јавен обвинител од ОЈО Скопје веќе донел наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела разбојништво и против право лишување од слобода според кривичниот законик...

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

Северна Кореја денеска потврди дека вчера тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

- Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејската армија вчера соопшти дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море.

Тестирањето се случи само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух. /МИА

притисни ентер