Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти. /МИА

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Весникот „Катимерини“ во текстот под наслов „Атина ја очекува новата Влада во Скопје“ го пренесува ставот на актуелната грчка Влада дека државата има континуитет и дека покрај нивното несогласување пред да се изгласа Договорот од Преспа, сега го поч

Ставовите од ЕУ и НАТО, но и внатрешните реакции во Грција, односно позициите на опозициските партии и секако на Владата во однос на Договорот од Преспа и понатаму се во фокусот на грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Весникот „Катимерини“ во текстот под наслов „Атина ја очекува новата Влада во Скопје“ го пренесува ставот на актуелната грчка Влада дека државата има континуитет и дека покрај нивното несогласување пред да се изгласа Договорот од Преспа, сега го почитуваат.

Истакнува дека следниот чекор што се очекува е формирањето на Владата кај нас на крајот на мај, кога ќе биде претставена програмата „што ќе покаже каде одат соседите“.

Грчката телевизија „Опен“ во прилогот од Скопје, пренесува ставови на граѓани кои ја истакнуваат важноста на европската перспектива на земјата, но и изјава на поранешниот премиер Зоран Заев, кој го коментира ставот на новата претседателка.

-Неусогласувањето носи одговорности и сериозни последици за државата што веднаш ќе се почувствуваат од граѓаните. Одговорноста не е само политичка, туку и правна. Па така, како носители на највисоките државни функции, ќе треба да ги почитуваат Уставот, меѓународниот Договор од Преспа и законите, вели Заев за телевизијата „Опен“.

Употребата на името „Македонија“ од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, предизвика и внатрешно-политички конфронтации во Грција меѓу Владата и опозициските партии, заедно со останатите актуелни грчки теми, со оглед на тоа дека земјата веќе е во предизборен период во пресрет на евроизборите на 9 јуни.

Трите меморандуми за соработка што сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент се во фокусот на меѓусебните препукувања на релација Нова демократија – СИРИЗА.

Грчката Влада вели дека ставот на Сиљановска Давкова ја оправдува нивната позиција за доцнење на ратификацијата, додека пак од СИРИЗА доцнењето сметаа дека не ѝ оди во прилог на Грција и најавуваат законска иницијатива за носење на меморандумите пред пратениците.

Самит Македонија 2025: Повик за мобилизирање на сите ресурси за економски развој

Потребна е интензивна и темелна акција во наредниот период. 

Напредокот е бавен и недоволен за да ги постигнеме нашите цели и неопходни се силни и решителни активности, порача на отворањето на 13. Самит „Македонија 2025“, Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025.

На повеќето меѓународни рангирања и извештаи, посочи, државава заостанува и зад земјите во регионот и зад аспиративните врсници. Предизвиците за Македонија покрај ниското ниво на економски развој се и големите геополитички промени кои влијаат на малите економии, како и големиот одлив на мозоци.

-Се чини дека нови линии на поделба континуирано се развиваат во земјата. Нискиот животен стандард и нискиот квалитет на живот дополнително ја влошуваат поделбата што доведува до битка за тоа кој ќе го зграби поголемиот дел од јавниот колач – јавни вработувања, тендери, злоупотреба на јавните ресурси итн. Етничката поделба е силна и се чини дека навлегува во секоја суштинска дискусија и јавна дебата. Долгата транзиција и отсуството на значаен напредок ги попречуваат нашите погледи кон реалноста и нашата способност да размислуваме долгорочно. Сегашните геополитички случувања дополнително наметнуваат сложеност и неизвесност на целокупното окружување и на расположивиот простор за реформи. Сето ова како и бавниот напредок во приближувањето кон животниот стандард на ЕУ нешто што е цел на секој еден граѓани во оваа држава повикува на интензивна и темелна акција во наредниот период, рече Мојсовска Блажевски.

Се осврна на изборните резултати на последните парламентарни и претседателски избори кои како што рече, дадоа силна поддршка за нова политилка опција и нова програма и идеологија. - Меѓутоа, свесни се дека предизвиците на патот се многу многу големи, потенцираше извршната директорка на „Македонија 2025“.

Го повтори повикот на „Македонија 2025“ за здружување на сите на патот до просперитет преку платформата „Една визија за збрзан раст“.

-Фундаментите на оваа визија се: нулта толеранција за корупција, континуиран раст на БДП над пет проценти, преку зголемени инвестиции во образование, деловни и регулаторни реформи, поддршка на извозот и намалување на сивата економија, квалитена и ефикасна јавна администрација и пристапување во Европската унија. Апелираме и ги повикуваме политички партии, бизнис заедницата, академската јавност и сите граѓани да ги здружиме напорите и ресурсите за создавање подобра иднина. Мора да ги мобилизираме сите наши ресурси денес за да ја обликуваме нашата иднина, рече Мојсовска Блажевски.

Најави дека „Македонија 2025 ќе ја активира целата своја мрежа и ресурси за да ги поддржи овие принципи кои се фундаментални за забрзан раст.

Во тек на Самитот ќе се одржат 12 панели со над 50 говорници кои ќе говорат пред 500 гости.

Идејата на основачите на „Македонија 2025“ е се поддржи развојот на Македонија со тоа што земјата до 2025 година би станала развиена земја, членка на евроатлантските интеграции, односно на НАТО и ЕУ.

Организацијата „Македонија 2025“ минатата година спровела 40 програми во кои биле вклучени над 1500 лица, средношколци, студенти, менаџери, компании. Од основањето на организацијата досега се спроведени програми за поддршка на економскиот развој во вредност од четири милиони долари.

Министерство за правда на САД: Боинг може да се соочи со кривично гонење поради две несреќи

Министерство за правда на САД: Боинг може да се соочи со кривично гонење поради две несреќи на „737 Макс“.

Американското Министерство за правда соопшти дека размислува дали да ја гони компанијата Боинг за двете фатални несреќи на авионот „737 Макс“.

Министерството за правда тврди дека „Боинг“ ги прекршил условите од договорот од 2021 година што ја заштити компанијата од кривични пријави поврзани со инцидентите, што компаниите ги негираат.

Вкупно 346 лица загинаа во несреќи во Индонезија во 2018 година и Етиопија во 2019 година, јавува Би-Би-Си.

притисни ентер