Принцот Вилијам е снимен на натпревар, фановите му се налутија (ФОТО)

Принцот Вилијам е снимен како ентузијастички навива за Астон Вила на првиот полуфинален натпревар во Лигата на Европа на УЕФА.

Натпреварот се одигра истиот ден кога принцезата Шарлот го прослави својот 9-ти роденден, а многумина го критикуваа Вилијам што не ја одвел неговата ќерка на натпреварот, која е голем љубител на спортот.

Имено, во април Вилијам беше снимен на натпревар, во првото појавување во јавноста откако се дозна дека Кејт има рак. Потоа на натпревар го однел синот Џорџ и биле снимени како навиваат заедно, а фановите збеснале што сега не ја одвел Шарлот, особено поради тешките моменти низ кои минува кралското семејство.

Инаку, на роденденот на принцезата традиционално е објавена нејзина фотографија направена од Кејт, а еден бизарен детал им падна во очи на многумина.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

Северна Кореја денеска потврди дека вчера тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

- Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејската армија вчера соопшти дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море.

Тестирањето се случи само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух. /МИА

притисни ентер