Руд за прв пат освои титула над категоријата АТП 250

Во пет натпревари оваа недела, Руд не загуби ниту еден сет.

Шестиот светски рекет Каспер Руд попладнево го победи 7-от на светската ранг-листа Стефанос Циципас во финалето во Барселона (7:5, 6:3) и поведе во меѓусебните натпревари на ниво на турнеја (3:2). Тој се реваншираше за поразот минатата недела во Монте Карло.

Во пет натпревари оваа недела, Руд не загуби ниту еден сет. Билансот на Руд во натпреварите со противниците од топ 10 сега е 14:26.

Ова е 11-та титула за Норвежанецот, прва од Серијата 500, вклучувајќи ја и 10-та на земјена подлога. Ова е најголемата титула во неговата кариера, откако претходно загуби седум финалиња над категоријата АТП 250.

Руд е лидер на турнејата кај мажите во победи (29) и финалиња (4) оваа сезона. Сепак, ова е негова прва титула во 2024 година. /МИА

Турција ја одложи забраната за трговија со Израел

Турското Министерство за трговија соопшти денеска дека компаниите од таа земја имаат рок од три месеци да достават предвремени нарачки за производи во Израел.

Турското Министерство за трговија соопшти денеска дека компаниите од таа земја имаат рок од три месеци да достават предвремени нарачки за производи во Израел, што израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го поздрави како победа за земјата, откако Турција минатата недела објави забрана за трговија со Израел поради офанзивата во Газа.

„(Претседателот Реџеп Тајип) Ердоган повлече и откажа многу трговски ограничувања и поуката е јасна: не смееме да се предадеме на заканите на диктаторите и мора да создадеме алтернативи за да не зависиме од човек од Муслиманското братство кој може да спречи сè во секое време“, напиша Кац на платформата Икс.

Претставник на турското министерство изјави дека укинување на забраната „не доаѓа предвид“ и дека станува збор само за тримесечно одложување за време на кое турските компании можат да ги испорачаат постоечките нарачки до Израел, преку трета земја.

На 2 мај Турција објави дека го прекинала извозот и увозот од Израел поради воената операција во Појасот Газа.

Шпанскиот суд ја отфрли втората тужба против Шакира поради данок

Шпанскиот суд денеска ја отфрли даночната истрага против колумбиската поп-ѕвезда Шакира, откако обвинителите одлучија да не покренуваат обвиненија.

Шакира се согласила на спогодба минатата година за да избегне судење во Барселона поради наводите дека не ѝ платила на Шпанија данок на доход од 14,5 милиони евра од 2012 до 2014 година.

Судот во градот Есплугес де Лобрегат, во близина на Барселона, објасни дека нема докази за поддршка на тврдењето на тужителот дека Шакира „свесно и доброволно ги испуштила информациите и документацијата“ кога ја подготвувала нејзината даночна пријава за 2018 година.

Пејачката, која има продадено милиони албуми ширум светот, живееше со поранешната шпанска фудбалска ѕвезда Жерар Пике 11 години и заедно имаат две деца. По разводот се преселила во Мајами.

Апел за помош: Да ѝ помогнеме на Сања Живановиќ, семејството нема пари за скапата терапија

Сања Живановиќ апелира за помош, откако се разболела од инфламаторна болест и подолго време била хоспитализирана.

Семејството на младата Сања апалира до сите хумани луѓе да ѝ помогнат за набавка на скапата терапија . Да ѝ помогнеме на Сања да си ја врати насмевката.

притисни ентер