Шпанија основа фонд за 440.000 жртви на сексуално злоставување од католички свештеници

Шпанија ќе формира фонд што ќе биде финансиран претежно од Католичката црква за да им плати отштета на околу 440.000 жртви на повеќедецениската сексуална злоупотреба извршена од католички свештеници.

Шпанија ќе формира фонд што ќе биде финансиран претежно од Католичката црква за да им плати отштета на околу 440.000 жртви на повеќедецениската сексуална злоупотреба извршена од католички свештеници, блиски до нив и наставници, најави министерот за правда.

Ваква оценка даде извештајот на шпанскиот омбудсман во октомври по анкета на 8.000 луѓе.

Тогаш беше препорачано формирање на државен фонд, а Црквата беше обвинета дека не соработувала и се обидувала „да ја намали оваа појава колку што е можно повеќе“.

Министерот за правда Феликс Боланос им рече на новинарите дека Црквата, која беше исклучително влијателна во шпанското општество и политика до и по крајот на десничарската диктатура во 1970-тите, со децении не ги исполнила барањата за компензација и дека нејзините реакции на извештајот варирал во зависност од епархијата.

„Сакаме да дејствуваме за да спречиме, да го поправиме и да се обидеме да го вратиме долгот што нашето општество им го должи на жртвите“, рече Боланос.

Владиниот план, кој треба да се спроведе до 2027 година, предвидува сè уште недефинирана формула со која Црквата ќе бара „да го плати целиот надомест или нејзиниот поголем дел, како и гаранција за другите елементи од симболичната компензација“. Боланос рече дека неговото министерство ќе преговара со епископите за придонесот што црквата е подготвена да го плати во фондот и дека има впечаток дека свештенството е подготвено за соработка.

Но, во исто време, шпанската бискупска конференција објави дека не може да прифати план со кој се исклучуваат жртвите на сексуална злоупотреба во други организации бидејќи „претставува осуда на целата Црква и покрива само дел од проблемот“. Во ноември црквата за прв пат објави дека има намера да ги обештети жртвите и во случаи кои не се целосно решени бидејќи во меѓувреме починал свештеник, кој извршил злосторство.

Боланос рече дека независно експертско тело ќе ги проучува случаите во кои насилникот умрел, оние за кои истекол рокот на застареност или оние кои никогаш не стигнале до суд.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер