Швајцарката Гут-Бехрами ја забележа 40. победа во кариерата

 Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами ја оствари 40 победа во кариерата, постигнувајќи најдобар резултат на денешниот супервелеслалом одржан во австрискиот ски центар Алтенмаркт.

Половина од вкупниот број победи, 32-годишната Гут-Бехрами ги оствари во супервелеслалом, а токму на истата патека во оваа дисциплина ја забележа втората победа во кариерата, во 2011 година.

Речиси два километри долгата патека Гут – Бехрами ја мина за помалку од 75 секунди (1:14, 95) и со тоа спречи двојно австрискио славје, откако Корнелија Хутер заврши второпласирана, а нејзината сонародничка Мирјам Пушнер го освои третото место.

Американската скијачка Микаела Шифрин, кој ги прескокна натпреваруватата во Светскиот куп овој викенд, остана водечка во генералниот пласман со 929 бодови, пред Италијанката Федерика Брињоне (789) и Гут – Бехрами (749). /МИА

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

Северна Кореја денеска потврди дека вчера тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

- Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејската армија вчера соопшти дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море.

Тестирањето се случи само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух. /МИА

притисни ентер