Со овој напиток Ѓоковиќ го почнува денот – Сокот од целер на празен стомак е најздрав наутро!

Откако ќе го испиете во наредните 15 минути до половина час не внесувајте ништо!

Сокот од целер стана исклучително популарен кај љубителите на здравата исхрана. Најдобриот српски тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ во интервју за американските медиуми откри дека својата сила и физичка подготвеност, меѓу другото, ги должи и на сокот од целер.

- Денот го почнувам со топла вода и лимон за да му помогнам на телото да се детоксицира. А потоа пијам сок од целер на празен стомак – изјавил Ѓоковиќ.

Без додавање вода

Ентони Вилијамс, автор на бестселерот на Њујорк Тајмс „Чистење на телото“, тврди дека сокот од целер е најкорисната храна што постои на нашата планета.

Целерот првенствено е намирница со висока содржина на вода, па затоа одлично го хидрира организмот. Богат е со влакна кои ги чистат и штитат цревата, витамини К, А и Ц, калиум, но содржи и висока содржина на натриумови јони кои ги уништуваат патогените микроорганизми, содржи и дигестивни ензими кои ги смируваат цревата и растителни хормони кои го урамнотежуваат ендокриниот систем. Сокот од целер може да се пие превентивно, но и поради одредени здравствени проблеми.

Тој наведе само некои од придобивките од сокот од целер и зошто треба да се пие наутро на празен стомак:

- сокот од целер е богат со електролити

- ги отстранува кристализираните токсични соли наталожени на органите

- спречува токсините да ги оштетат клетките и органите

- го ослабува дејството на тешките метали кои можеби сте ги наталожиле во организмот

- ги уништува бактериите, вирусите и габите

- ја стабилизира крвта

- го зајакнува целиот имунолошки систем веднаш по пиењето

- го оптимизира варењето

- ги храни сите органи на ендокриниот систем и така ја враќа хормоналната рамнотежа

- има антиоксидативно дејство

Како што истакнуваат нутриционистите, оптимална мерка е 150 мл сок од целер дневно.

Рецепт за сок од целер

Земете два китки целер, исечете ја основата и врвот на стебленцата. Измијте ги, исечете ги и ставете ги во блендер. Според Вилијамс, не треба да додавате вода или коцки мраз, туку да го пиете сокот во неговата изворна форма без да ја цедите пулпата. Сокот мора да биде чист, да не се меша со друго овошје или зеленчук. Откако ќе го испиете на празен стомак, во наредните 15-30 минути не јадете и не пијте ништо. Сокот од целер во комбинација со морков или јаболка може да го пиете и подоцна во текот на денот, а наутро, на празен стомак пијте го чист.

Новак Ѓоковиќ бил на преглед во Ургентниот центар во Белград

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ претпладнето бил на лекарски прегледи во Белград.

Како што пренесува „Информер“, Ѓоковиќ денеска околу десет часот наутро бил во Ургентниот центар, каде му била извршено скенирање на главата.

Во таа прилика, според истиот извор, Новак тајно бил примен во споменатата болница, каде биле извршени прегледи на главата, но не се знае какви се резултатите од прегледот.

Истиот извор наведува дека Новак бил расположен, па излегол да ги пречека вработените кои сакале да ја овековечат средбата со него со сувенир фотографија.

За потсетување, Новак се здоби со повреда на главата по мечот против Корентано Муте во Рим, кога додека даваше автограми, од трибините падна метално шише и го удри во главата.

Со такси лани превезени 14 341 000 патници

Минатата година со такси превезени се 14 341 000 патници, од кои

12 749 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот 1 592 000 патници, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Со 1 556 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 55 793 000 километри, од кои 47 487 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 8 306 000 километри.

Податоците за такси-превозот се добиени од 227 извештајни единици.

ДЗС споделува податоци и за потрошувачката на гориво: 184 тони бензин, 2 752 тони дизел и на 2 239 тони автогас.

Атентарот испукал неколку куршуми во словачкиот премиер Фицо (ВИДЕО)

Полицијата веднаш го уапсила осомничениот за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо.

Тој со неколку истрели е ранет во стомакот и градниот кош и моментално е во критична состојба.

На социјалните мрежи почна да кружи видео на кое се гледа како полицајците го соборуваат осомничениот на земја и го апсат.

Не е познат идентитетот на напаѓачот, но медиумите јавуваат дека се работи за постар маж.

Веднаш е евакуирана зградата на Центарот за култура пред која беше ранет Фицо.

притисни ентер