Српската министерка за образование : Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека утре во Белград со програма наречена „Будење“ ќе се одбележи првата годишнина од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во кое животот го загубија девет ученици и еден работник од училишното обезбедување на 3 мај 2023 година.

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Министерката во изјава за РТС нагласи дека секој 3 мај ќе биде ден на голема тага и сеќавање на жртвите./МИА

Северна Кореја лансира „неидентификувана балистичка ракета“

Северна Кореја истрела најмалку една „неидентификувана балистичка ракета“, соопшти денеска јужнокорејската војска.

Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета во правец на Источното Море, наречено и Јапонско Море, соопшти началникот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Додека јапонската јавна телевизија НХК, повикувајќи се на државни извори, најверојатно проектилот бил со мал дострел.

Лансирањето на проектилот се случи неколку часа откако Ким Јо-јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, негираше дека Северна Кореја и испорачува оружје на Русија. /МИА

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. 

Штипската полиција вчера во 16.00 часот на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, ја лишила од слобода Џ.С.(23) од Кочани, која се сомничи дека на 15 мај годинава извршила кривично дело „разбојништво“ над Л.М.(69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи.

Како што информираат денеска од МВР, Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: Фаталната русокоса повторно во бикини!!

Супермоделот и актерка Кејт Аптон позирала за уште една насловна страница на магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“; овој пат на 60-годишнината.

Атрактивната Аптон претходно беше модел за магазинот во 2011 година, потоа беше модел за нејзината прва самостојна насловна страница во 2012 година, а на насловната страница се појави во 2013, 2014 и 2017 година.

- Тоа е голема чест. Тоа навистина зборува за тоа каде оди модата и пораката што сака да ја пренесе главниот уредник на костимите за капење на Sports Illustrated – жените ги поддржуваат жените, покажуваат различни типови на тело и ги повикуваат жените да зборуваат за различни работи во кои веруваат“, изјави Аптон Луѓе“.

притисни ентер