Стојаноска: Во „Платформа 1198“ за Брвеница предвидуваме ново училиште, доградба на градинката

„Рекордот од Брвеница посебно ме радува, затоа што докажува дека тука – во Брвеница нема никаков проблем со тоа што живеат различни националности, бидејќи сите тие направија избор.“

„Рекордот од Брвеница посебно ме радува, затоа што докажува дека тука – во Брвеница нема никаков проблем со тоа што живеат различни националности, бидејќи сите тие направија избор со кој покажаа дека се задоволни од работата и посветеноста на градоначалникот Јовица, без разлика на неговата партиска или политичка определба. Јовица, ова треба исклучително да го цениш и негуваш, иако сум свесна и имам на дело видено дека токму со личен пример самиот не правеше никаква разлика спрема жителите и населените места. Градеше и помагаше подеднакво секому и секаде. Водеше кампања откако стана градоначалник, а неговото мото на кампањата е само работа, постојан контакт со жителите и покажување слух и внимание за нивните барања. Резултатот го видовме на 24-ти април. Резултатот ќе го видиме и на 8-ми мај“, истакна Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 од митингот во Брвеница.

Стојаноска додаде дека на актуелнава аздисана власт и’ се случи народ. Не е свесна, кутрата, дека ќе и’ се случи уште повеќе народ. Бројноста и излезноста се пркос на нејзината неспособност и ароганција.

„Сме немале понеспособни Влади од последните. Сме немале полоши претставници надвор од Македонија, од овие досегашните. Сме немале толку срам и понижувања видено и доживеано, колку што тоа ни се случуваше изминативе 7 години. Сите вредности ги испревртеа и срушија. Владееја само со моќ и надгласувања. Ги избркаа паметните, за да не слушаат нивни совети и критики. Завладеаја со просечност и потпросечност, со сомнителни дипломи, уште посомнителни тендери и со никаква одговорност. Институциите им служеа како приватни фирми, а министерствата ги претворија во спортски игралишта и игротеки. Аздисаа без мерка и усул. Ете затоа им се случи народ“, рече таа.

„Да ве потсетам на програмата „Платформа 1198“ и на проектите кои се однесуваат за општина Брвеница, а тоа се: ново училиште во село Брвеница и доградба на градинката за згрижување на повеќе од 60 деца, спортска сала и градинка во Челопек. Проекти кои вие сте ги побарале, а ВМРО-ДПМНЕ ги пресмета и испланира за наредните 4 години“, истакна Стојаноска.

Таа укажа дека со ВМРО-ДПМНЕ пополека ќе ја врати насмевката на пензионерите, на кои во првата година ќе им ги зголеми пензиите за 5.000 денари.

„Време е Македонија да се исправи и да ја започне обновата. Македонија станува твоја, а не заробеник на мафијата. Македонија станува европска, по почитување на закони и нивно имплементирање. Македонија станува светска, затоа што има богата историја и култура. Најважно, Македонија се враќа во рацете на луѓето и суверенот. За тоа ќе се погрижат идната претседателка Силјановска Давкова и идниот премиер Христијан Мицкоски“, додаде Стојаноска,се наведува во партиското соопштение.

ФИА и Ф1 развиваат нов стратешки план

Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) и Формула 1 издадоа соопштение поради тензиите во последните месеци.

Постојат разлики меѓу двете организации. Конкретно, страните имаат различни ставови за обидите на Марио Андрети да влезе во серијата како 11-ти тим.

- Светскиот шампионат во Формула 1 никогаш не бил посилен, тој расте низ целиот свет и ФИА и Формула 1 се посветени на постигнување најдобри резултати за мотоспортот во целина. За таа цел, двете страни развиваат нов стратешки план за искористување на можностите и дополнително развивање на потенцијалот на Ф1 во наредните години“, се вели во соопштението.

ФИА и Ф1 не објаснија што точно е планот.

Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура, а од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме, соопшти УХМР.

Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до средината на следната недела.

Алегри го собори рекордот на Манчини во „Копа Италија“

Масимилијано Алегри стана најтрофејниот тренер во историјата на националниот куп. Јувентус синоќа ја победи Аталанта во финалето на Купот на Италија со 1:0. Средбата се одржа на стадионот „Олимпико“ во Рим. 

Во ова натпреварување Алегри има пет трофеи. Тој ги надмина Роберто Манчини и Свен-Горан Ериксон, кои имаат по четири куп-титули.

Договорот на тренерот со Јувентус е до 2025 година, но неизвесно е дали тој ќе го води тимот и следната сезона.

Јувентус е рекордер во Купот на Италија со 15 трофеи.

притисни ентер