Тајрис Макси е играчот со најголем напредок во НБА

 Како што се ближи крајот на натпреварувањето во НБА лигата, така се повеќе се зборува за индивидуалните награди. Првата веќе пристигна.

Кошаркарот на Филаделфија, Американецот Тајрис Макси е добитник на наградата за играч кој најмногу напредувал во изминатиот период, објавено е на веб-страницата на НБА.

Мекси (23) доби повеќе гласови во финалниот избор од Коби Вајт од Чикаго и Алперен Шенгун од Хјустон. Наградата се доделува од 1985 година.

Минатата сезона победник беше Лаури Марканен од Јута, а меѓу оние кои досега ја освоија оваа награда се Горан Драгиќ, Паскал Сиакам, Јанис Адетокумбо, Пол Џорџ, Трејси Мекради, Зек Рендолф, Хидает Туркоглу итн. /MИА

ВОА: Приемот на Косово во Советот на Европа не е на дневен ред на седницата на Комитетот

Приемот на Косово во Советот на Европа не е на дневен ред на седницата на Комитетот на министри за надворешни работи што се одржува сл

„Во овој момент не можеме да утврдиме кога тоа би можело да се случи. Официјалните ставови во овој поглед се во надлежност на релевантните национални органи“, се наведува во одговорот од Советот на Европа до ВОА.

Косовскиот премиер Албин Курти вчера изјави дека не прифаќа почетокот на формирањето на Заедницата на српските општини да биде основа за членството на Косово во Советот на Европа, оценувајќи дека тоа е услов за жалење на меѓународните сојузници.

На владиниот состанок во Приштина, Курти кажа дека е апсурдно да се бара нацрт-статутот на ЗСО да се испрати до Уставниот суд во Приштина, што според ставовите на Германија и Франција во претходните денови, што е услов за прашањето за членството на Косово во СЕ да се најде на дневниот ред на Комитетот на министри за надворешни работи на 46-те земји членки на СЕ кон средината на овој месец.

Меѓутоа, Франција и Германија побараа од Косово да ги иницира неопходните чекори за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство - и тоа кусо време откако ПССЕ ја усвои препораката за прием на Косово во членство.

Франција, на која и се приклучија Германија и Италија, сака да ја одложи одлуката за кандидатурата на Косово за членство во Советот на Европа на мајскиот состанок на Комитетот на министри, објави „Албаниан пост “,повикувајќи се на дипломатски извори.

Франција, Германија и Италија сметаат дека членството на Косово во СЕ треба да се одложи додека Приштина не докаже дека е посветена на формирањето на ЗСО.

Парламентарното собрание на Советот на Европа на 16 април го усвои нацрт-извештајот на известувачот за Косово во СЕ, Доре Бакојани, во која се препорачува Косово да му се одобри членство во Советот на Европа.

Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова

Амбасадор на Европската Унија во Република Македонија Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова на вчерашните претседателски избори.

- Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседателка на Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата, напиша Гор на Х.

Според последните резултати објавени на сајтот на ДИК, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова освоила 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%).

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски.

Најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат.

На 12 мај истекува мандатот на актуелниот претседател кој беше и кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

Мандатот на новиот собраниски состав што беше избран на вчерашните парламентарни избори, почнува да тече од конститутивната седница на собранието. Според одредбите од Уставот, новоизбраното собрание се состанува на седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Седницатa ја свикува претседателот на собранието од претходниот состав.доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат, да го состават собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

притисни ентер