Тешко се повреди една од најдобрите скијачки, со хеликоптер е однесена во болница (ВИДЕО)

Словачката скијачка Петра Влхова се здоби со тешка повреда за време на велеслаломската трка за Светскиот куп во Јасна, на само 12 километри од нејзиниот дом.

Иако падот не изгледаше особено тежок, Влхова се лизна во заштитната ограда, каде што и се заглави скијата, поради што го истегна скочниот зглоб.

Трката била прекината дваесетина минути додека несреќната скијачка била имобилизирана и однесена со хеликоптер во болница. По нејзиниот пад, повеќето од скијачките возеле претпазливо и се забележани големи заостатоци.

Влхова е актуелна олимписка шампионка во слалом и поранешен севкупен победник на Светскиот куп и светски шампион во велеслалом. Во генералниот поредок на Светското првенство оваа сезона со 802 бода го држи второто место зад Микаела Шифрин, но лесно е можно со денешната повреда да стави крај на сезоната.

Милијардерот Мурдок (92) ќе се жени со поранешната тешта на олигархот Роман Абрамович

Милијардерот Руперт Мардок е фотографиран со неговата свршеница, 25 години помладата Русинка Елена Жукова.

Парот е фотографиран како го шета своето куче, а окото го привлече огромниот веренички прстен на Елена.

Венчавката ќе се одржи во Калифорнија, во Murdoch's Vineyard and Moraga Estate, а на Руперт ова му е шеста свршувачка. Американскиот милијардер и медиумски магнат минатата година се вери со Ен Лесли Смит, но свршувачката траеше само две недели.

Мардок и Жукова беа сликани заедно во август минатата година, откако раскина со поранешната свршеница. Жукова, по професија молекуларен биолог, е мајка на Даша Жукова, поранешната сопруга на рускиот олигарх Роман Абрамович.

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев - одбележана 121 годишнина

Владина делегација ја одбележа 121 годишнина од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода.

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ја одбележа 121 годишнина од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода.

Пред саркофагот на великанот се поклонија и му оддадоа почит и Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и делегациите на Собранието, на Армијата, на Сојузот на борците, на дипломатскиот кор, на политичките партии како и други почитувачи на делото на Гоце Делчев.

Денес се сеќаваме на големото дело на Гоце Делчев како срцевина на македонската револуционерна и интелектуална борба за македонска држава која е еднаква за сите. Тој се бореше и го положи својот живот за слободна и независна Македонија, неговите идеали и заложби се наша заедничка обврска да продолжиме да градиме демократска и економски напредна земја. Вечен останува споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, соопштуваат од Владата.

Лукаревска: Почит на ликот и делото на Гоце Делчев, неговиот аманет е и за идните генерации

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев.

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев, а неговиот аманет е за сегашните и за идните генерации.

„Денеска оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев. Неговиот аманет е и за сегашните и за идните генерации. Делчев е симбол на единството и државотворноста, се борел за слободна и просперитетна држава. Ние сме тие коишто неговиот аманет ќе треба да го продолжиме во иднина“, рече Лукаревска, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер