Тиктокер е уапсен кога му ставил микрофон под нос на коњ на кралската гарда (ВИДЕО)

Тиктокер бил уапсен затоа што му тутнал микрофон под нос на коњ на кралската гарда пред Бакингемската палата.

Шегаџијата, попознат по неговото корисничко име TikTok, imusa18, се гледа како држи микрофон пред коњот пред да го праша името на коњот во видеото, насловено „Кога интервјуирате кралска гарда и коњ, чуварот оди наопаку низ видеото“.

На чуварите генерално не им е дозволено да зборуваат јавно, но во некои околности може да викаат - на пример, ако некој ги вознемирува - на нивната дисциплина инаку и се восхитуваат туристите кои го посетуваат Лондон, пишува Мирор.

@ymusa18 I’m innocent #fyp #fypシ゚viral #foryou #viral #police #horse #arrested ♬ original sound - Mzeklend

Шегаџијата бил снимен од пријател, кој го фатил моментот кога турист му се обраќа на тиктокерот. „Престанете да бидете толку груби“, вели човекот пред друг случаен минувач да го покрие објективот за да не снима, што го привлече вниманието на двајца полицајци.

Полицаецот потоа го турнал тиктокерот до портата и извикал: „Повлечи се, по што се слушнал шегаџија како вели: „Мирен сум, мирен сум, нема потреба да ме фаќаш за врат, брате“. “. Полицаецот потоа му кажал на тиктокерот дека бил уапсен под сомнение дека го нарушил јавниот ред и го спровел низ портите на музејот. Во сопственото видео на шегобиецот може да се види како се смешка во камерата.

Мирор го контактирале Министерството за одбрана за коментар.

Tiktoker imusa18 и претходно споделувал видеа каде ја нервира јавноста. На едно видео можело да се види како ги допира луѓето на ескалаторите на лондонското метро. Видеата од него како се качува по портите на Бакингемската палата и седи на оградата пред Даунинг стрит број 10, привлекоа стотици илјади прегледи.

Изложбата „Пикасо, можеби јас“ на Фидановски гостува во Вараждин

 Уметникот Филип Фидановски ќе ја претстави својата изложба „Пикасо, можеби јас“ во Вараждин, во организација на Друштвото на керамичари на Хрватска.

Оваа изложба на Фидановски досега беше поставена во Скопје, Кичево, Охрид, Битола и Куманово, а за гостувањето во Хрватска е надополнета со нови дела на авторот изработени во 2024 година.

-Хрватската јавност ќе има можност да погледне 13 керамички скулптури инспирирани од делата на големиот Пабло Пикасо, наведува Фидановски за изложбата во Вараждин каде што ќе биде отворена до 5 јуни 2024.

Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија и ќе ја отвори македонскиот амбасадор во Хрватска, Милаим Фетаи. /МИА

Младите и пчеларството во фокусот на одбележувањето на Светскиот ден на пчелата

Светскиот ден на пчелата - 20 Мај годинава ќе биде одбележан под темата „Младите ангажирани во заштита на пчелите“. 

Одбележувањето на Светскиот ден на пчелата ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ во населба Автокоманда и на платото пред Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во чиј круг се наоѓа и „Паркот на пчелата“, кој е во фаза на изградба.

Организатори се хуманитарната и развојна организација АДРА Македонија, со финансиска подршка од Амбасадата на Република Словенија и со поддршка од општината Гази Баба и Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, заедно со децата од градинките на територија на општината и студентите од факултетот.

- „Младите ангажирани во заштита на пчелите“ ја истакнува важноста од вклучување на младите во активности за промовирање на пчелите и пчеларството, и воопшто, во зачувување на опрашувачите, препознавајќи ги како идни чувари на нашата животна средина. Истовремено, ја нагласува глобалната потреба од соработка за ангажирање на младите во заштитата на овие инсекти од витално значење. Со тоа ја штитиме безбедноста на храната и овозможуваме стабилен земјоделскиот сектор и се бориме за зачувување на биолошката разновидност, се вели во соопштението од АДРА Македонија.

Предвидена е богата програма во која акцент е ставен на учеството на младите, ќе биде проверено нивното знаење за пчелите и пчелните производи, ќе биде одржана ликовна колонија на теми посветени на пчелите, ќе бидат засадени медоносни растенија во „Паркот на пчелата“. Ќе бидат поставени богати штандови со пчелни производи, сѐ со цел пошироката јавност да се запознае со огромната улога што ја имаат медоносните пчели во опрашувањето на растенијата, како и во производството на пчелните производи.

Меѓународниот ден на пчелата се слави на 20 мај, роденденот на Словенецот Антон Јанша, основоположникот на модерното пчеларство (1734-1773). Предлогот на Словенија за воведување на Меѓународен ден на пчелата бил едногласно прифатен на Генералното собрание на ООН на 20 декември 2017 година.

Со одбележувањето на Светскиот ден на пчелата, АДРА Македонија со своите партнери се приклучуваат кон кампањата за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела (Apis mellifera macedonica), која здружението Македонска пчела (MacBee) ја започна пред неколку години под слоганот „Одгледувам македоника, одгледувам наше“. /МИА

САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот

 Владата на САД ги предупреди американските државјани да бидат внимателни поради евентуални терористички напади врз претставниците на ЛГБТ заедницата ширум светот.

- Поради потенцијалниот ризик од терористички напади, демонстрации или акти на насилство против американските граѓани и интереси, Стејт департментот ги предупредува своите граѓани во странство да покажат зголемена будност, се наведува во соопштението.

Исто така се наведува дека постои потенцијален ризик од насилство врз ЛГБТ заедницата инспирирано од странски терористички организации.

- Американските граѓани треба да бидат внимателни за време на маршевите на ЛГБТ заедницата, наведува Стејт департманот./МИА

притисни ентер