Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај

 Учениците од основните и средните училишта од утре, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година. 

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од деновите кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН кое, по реакции во јавноста и од синдикатите, ја повлече претходната одлука пропуштеното да се надомести во саботи.

Надреална глетка на Алпите, осветлени од поларна светлост (ВИДЕО)

Германците синоќа успеале да видат ретка глетка на поларната светлина, поради невообичаено голема соларна бура.

Феноменот, кој го осветлува ноќното небо во розова, зелена и треперлива тиркизна боја, може да биде видлив во некои региони и вечерва.

Германската метеоролошка служба (DWD) објави на X снимка од Алпите во јужна Германија осветлени во розова боја, како и зраците на поларната светлина над хоризонтот на Франкфурт. И други снимки се споделени на социјалните мрежи.

Американските метеоролози од Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA) вчера предупредија на сончева бура од петто ниво, највисоко ниво на скала од пет - интензитет последен пат регистриран во октомври 2003 година.

Изворот на соларните бури - голема група сончеви дамки - е околу 16 пати поголем од дијаметарот на Земјата, според NOAA.

Многумина во други земји исто така можеа да го видат феноменот, вклучително и Британија и Ирска.

Аурора се појавува кога наелектризираните честички се судираат со гасовите во атмосферата на Земјата околу магнетните полови.

Самитот на лидерите на Западен Балкан и Европската Унија ќе се одржи на 16 мај во Котор

На 16 мај во Котор ќе се одржи самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

Лидерите на регионот, претставници на Европската унија и Соединетите Американски Држави ќе разговараат за Планот за раст на Западен Балкан.

Како што е објавено на веб-страницата на Владата на Црна Гора, меѓу учесниците ќе бидат високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О'Брајан.

Самитот се организира под слоганот „Еден регион, заедничка визија“, а домаќин на самитот ќе биде премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

Како што се наведува, ден пред Самитот, на 15 мај, ќе се одржи состанок на министрите за европски прашања и финансии на земјите од Западен Балкан, претставници на Европската комисија и партнерските организации.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека помошникот секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан од 14 до 17 мај ќе ги посети Црна Гора и Грузија и дека во рамките на посетата на Црна Гора ќе учествува и на Самитот во Котор.

Неговиот ангажман на самитот ќе се фокусира на регионалната економска интеграција и можноста за раст што ја нуди Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и ќе ја зајакне силната поддршка на САД за патот на Западен Балкан кон членство во ЕУ, се вели во соопштението.

Покрај лидерите и министрите од регионот, партнерските организации како што се Советот за регионална соработка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светската банка, Транспортната заедница, Атлантската алијанса, Енергетската заедница на настанот се поканети Фондацијата Отворено општество, РеСПА, ГИЗ, високи претставници на Европската комисија и други.

Официјално: Холандија нема да настапи на големото финале на Евровизија

Пејачот Јост Клајн, претставникот на Холандија, нема да се натпреварува во големото финале на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија.

Шведската полиција истражувала поплака од жена член на продукциската екипа по инцидентот по неговиот настап во полуфиналето во четвртокот вечерта.

Иако правниот процес си го зема својот тек, не би било соодветно да го продолжи натпреварот. Се огласи и ЕБУ.

„Сакаме јасно да ставиме до знаење дека, спротивно на некои медиумски извештаи и шпекулации на социјалните мрежи, во овој инцидент не беа вклучени други изведувачи или членови на делегацијата.Ние работиме со политика на нулта толеранција за несоодветно однесување на нашиот настан и сме посветени на обезбедување безбедна и сигурна работна средина за целиот персонал на натпреварот.

Во светлината на ова, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета за прекршување на правилата за натпреварување.

Големото финале на 68. Избор за песна на Евровизија сега ќе продолжи со 25 учесници“, се вели во нивното соопштение.

притисни ентер