Укинат му е притворот на Жерар Депардје- две жени го обвинија за злоставување

Францускиот актер Жерар Депардје утринава бил повикан на сослушување под обвинение за сексуален напад, а потоа бил испратен во притвор во Третото одделение на париската полиција.

Францускиот актер Жерар Депардје утринава бил повикан на сослушување под обвинение за сексуален напад, а потоа бил испратен во притвор во Третото одделение на париската полиција, за да му биде укинат притворот доцна попладнево, соопшти париската полиција.

Две жени го обвинија Депардје за сексуални напади за време на две различни снимања.

Првиот пат во 2014 година, за време на снимањето на филмот „Волшебникот и сијамските близнаци“ на Жан-Пјер Моки, а вториот пат во 2021 година, за време на снимањето на „Зелените прозорци“ на Жан Бекер, пренесува парискиот дневен весник Фигаро.

Првата жалба ја поднела дваесет и четиригодишна помошничка на филмски сет во 2014 година.

Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата до Управниот суд по одлуката на ДИК за ИМ 0511

Коалицијата „Вреди“ на почетокот на јавната седница пред Управниот суд ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511, во Долна Бањица во Општина Гостивар на Парламентарните избори 2024 година. 

Управниот суд одлучи дека постапката се прекинува.

Претставникот на тужителот Коалицијата „Вреди“ Бетим Амети, на почетокот на јавната седница информира дека тужбата ја повлекува во целост.

Според наводите на тужителот, набљудувачот од Коалицијата „Вреди“ на ИМ 0511 во Општина Гостивар недостига оригинален записник од ова избирачко место и дека имало три потписи помалку од гласачки ливчиња во кутијата по што ДИК на јавна седница нецелосно и неточно ја утврдил фактичката состојбата и приговорот го одбил.

ДИК во одговор на тужбата вели дека на јавна седница детално ја утврдил фактичката состојба и дека бројот на идентификувани гласачи е идентичен со бројот на гласови и предлага да се отфрли.

До ДИК беа поднесени 27 приговори за гласањето на парламентарните избори, од кои прифатени беа седум, шест за избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Драма во Атина: Возач заборавил дете во автобус пред градинка, го нашле по 6 часа

Следната приказна се одвивала во понеделник наутро, кога автобусот со кој се превезувале деца во градинката во Кифиси, елитна населба во Атина.

Четирите малечки излегле, но возачот и 70-годишната придружничка не забележале дека на задното седиште спие уште едно момче.

Возачот се упатил до блискиот паркинг и го напуштил автобусот, јавува Прото тема.

Малото момче во еден момент се разбудило во заклучено возило и штом сфатил дека е сам, се вратил на седиштето, го врзал појасот и почнал да чита книга.

Така го нашле, а претседателот на Здружението на родители и старатели на градинките во Кифиси истакнува дека се зачудени од „сталоженоста и зрелоста“ што ја покажал малечкиот.

„За среќа не беше премногу топло“, изјави Јоргос Ходумадис.

Мислеле дека ја снимиле „поларната светлина“- епското промашување го виделе 6,3 милиони луѓе

Две млади момчиња неодамна шетале по улиците на британски Норич и ги здогледале „светлата на Аурора“. Секако, веднаш ја вклучиле камерата на телефонот.

Ако не ви е познато, Аурора Бореалис е видена над поголемиот дел од Европа, по силната соларна бура. Единствениот проблем е што Карим Ахтар и неговиот пријател Сули не биле сведоци на оваа природна појава.

Момчињата уживале во својата прошетка, а нивното внимание го привлекла особено силната (виолетова) светлина, која ја осветлила целата област.

Тие биле возбудени, а потоа доживеале невидено разочарување, пишува Дејли Стар.

„Мислевме дека ја видовме поларната светлина, но светеше од блискиот хотел“, велат тие.

Видеото од „епско промашување“ се појави на интернет и привлече големо внимание. Само на TikTok има повеќе од 6,3 милиони прегледи.

@paakkz We thought we missed them in iceland but saw them in norwich 🤣🤣 #fyp #viral #zyxcba ♬ original sound - Pakkz

„Истото ми се случи пред супермаркет“, „Ова навистина ќе ме налути“ и „Барем убаво си поминавте“, гласат дел од коментарите.

притисни ентер