Видео: Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу, јави ДПА.Новинската агенција Синхуа денеска јави дека 33 лица се повредени во невремето.

Според официјалните податоци, торнадото предизвикало штета на 141 производствени капацитети, но ниту една станбена зграда не е урната.

Според Синхуа, работата на спасувачите сега е главно завршена. За време на торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од над 20 метри во секунда.

Пред само една недела, Гуангжу и околната провинција Гуангдонг беа погодени од пороен дожд, при што загинаа најмалку четири лица, а повеќе од 100.000 жители беа евакуирани.

Гуангжу има население од над 18 милиони луѓе. Главниот град на провинцијата Гуангдонг е еден од најважните економски центри во Кина.

Змија во воз предизвика хаос и застој на железницата во Токио, не успеале да ја фатат

Воз на прометна линија во Токио бил привремено запрен денеска откако патник пријавил кај персоналот дека видел нешто што изгледа како змија.

Ја барале змијата околу 15 минути, но животното не било пронајдено, објави Кјодо.

Железничкиот сообраќај бил обновен еден час по пријавата.

Друг патник рече дека го видел малото животно како „бега во греалка под седиштето“, соопшти линискиот оператор East Jeppen Railway Co.

Поради потрагата по змијата биле погодени околу 2.700 патници.

Никој од патниците не бил повреден.

Украинката Јастремска не се поздрави со Белорусинката Сабаленка по поразот во Рим

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи украинската тенисерка Дајана Јастремска со 2:0 и се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Рим.

Сепак, покрај тенисот, она што привлече големо внимание е сцената во самиот финиш на мечот.

Имено, по мечот, наместо вообичаениот поздрав, двете тенисерки само се гледаа, дојдоа до своите клупи, ја спакуваа опремата и без никаков контакт го напуштија теренот до најблиските излези. Покрај тоа, од трибините се слушаа свирежи кои јасно го покажаа односот на публиката.

Британец освоил 10,2 милиони фунти, па ги поделил со соседите- сите се чудат

Ветеран од британската армија и поранешен полицаец доби џекпот од 10,2 милиони фунти на Поштенската лотарија што го подели со своите соседи во населбата каде што живее.

Дејвид од градот Бриџ Ерне, во округот Першир на југозападниот дел на Шкотска, татко на две деца, на 27 април на Поштенската лотарија успеал да освои 10,2 милиони фунти и, како што објави таблоидот Сан, добивката ја поделил со 10 соседи во неговото маало.

Британските медиуми објавија дека џекпотот од 10,2 милиони фунти е најголемата награда досега освоена во наградна игра во Шкотска.

Другите двајца најдобри победници во ждрепката на 27 април освоија по 680.000 фунти, а осум играчи освоија по 340.000 фунти.

- Не знам како се чувствувам. Јас сум малку шокиран. Мислев дека 15.000 или дури 5.000 фунти ќе бидат многу, но сега сум апсолутно зачуден – рекол Дејвид додека неговите соседи гласно го прославувале џекпотот.

притисни ентер