Вилаш – Боаш нов претседател на Порто

„Андре Вилаш-Боаш е новиот претседател на ФК Порто“, објави клубот во соопштението за медиуми лиферувано во раните утрински часови.

Поранешниот фудбалски тренер Андре Вилаш-Боаш е избран денеска за претседател на Порто за периодот 2024-2028 година, со што го симна од тронот Хорхе Нуно Пинто да Коста, кој ја извршуваше функцијата 42 години, објави во неделата славниот португалски клуб.

„Андре Вилаш-Боаш е новиот претседател на ФК Порто“, објави клубот во соопштението за медиуми лиферувано во раните утрински часови.

Вилаш – Боаш (46), кој беше тренер на Порто, Челзи, Зенит Санкт Петербург и Олимпик Марсеј, на изборното собрание освои 21.489 гласови, наспроти 5.224 за неговиот 86-годишен противник кој беше 15 последователни мандати беше на чело на португалскиот гигант.

Како тренер, Вилаш-Боаш му донесе на Порто четири трофеи во сезоната 2010/2011, освојувајќи ја Лига Европа, националното првенство, Купот на Португалија и Лига купот.

Спектакуларен пречек на хрватскиот претставник на Евровизија во Загреб (ВИДЕО)

Baby Lasagna објави на Инстаграм по дочекот во Загреб.

Тој објави видео од плоштадот Бан Јосип Јелачиќ каде денеска го пречекаа илјадници луѓе откако вчера го освои второто место на Евровизија, објави Индекс.

"Не знам што да кажам и како да ви се заблагодарам. Донесовте толку многу среќа, радост и гордост во моето срце, моето семејство и мојот тим. Ви благодарам не е доволно, но додека не најдам нешто подобро - благодарам“, напиша 28-годишниот музичар.

Да потсетиме, Лазања за публиката на главниот плоштад во Загреб двапати ја отпеа Рим Тим Таги Дим, а публиката пееше и играше со него. Бејби Лазања покрај хрватската делегација на сцената изјавил дека сè направил сам.

„Што да кажам сега? Очекував 20 луѓе на аеродромот и тука околу сто... Не знам што да ви кажам. Ви благодарам многу... Се надевам дека сте задоволни. Дадовме сѐ од себе. Вие очигледно го препознавте тоа. Благодарение на мојот тим, ние сме деца, никој нема повеќе од 33 години... Сами направивме сè. Докажавме дека можеш да достигнеш одредено ниво.“

Европол потврди дека се хакирани, напаѓачот објави дека продава доверливи податоци

Европол потврди дека е хакиран и го истражува инцидентот откако група хакери се заканија дека ќе украдат вредни доверливи податоци од истрагата и ќе ги продадат.

Хакирана е таканаречената Платформа за експерти на Европол (ЕПЕ) што ја користат професионалците за спроведување на законот за „споделување информации, знаење, најдобри практики и податоци за криминал“.

„Европол е свесен за инцидентот и ја проценува ситуацијата. Првичните дејствија се веќе преземени. Инцидентот се однесува на затворената група корисници на Платформата за експерти на Европол (ЕПЕ)“, изјавија од Европол за BleepingComputer, порталот кој прв ја објави оваа вест.

Европол додава дека ЕПЕ не обработува никакви оперативни информации, дека не влијае на основните системи на Европол и затоа ниту еден податок не е загрозен.

Податоците од Европол, агенцијата за спроведување на законот на Европската унија, беа објавени минатата година во септември. За ова тогаш пишуваше Политико, наведувајќи дека исчезнале досиејата на неколку членови на персоналот на Европол.

Веб-страницата на ЕПЕ се уште не е достапна, а има само порака дека „одржувањето е во тек“.

Наводниот напаѓач е IntelBroker, хакерска група која тврди дека украла високо доверливи податоци од Европол. Тие, исто така, тврдат дека добиле пристап до EC3 SPACE (Безбедносна платформа за акредитирани експерти за компјутерски криминал), една од заедниците на порталот EPE што содржи стотици материјали поврзани со компјутерскиот криминал и ја користат повеќе од 6.000 акредитирани експерти за компјутерски криминал од целиот свет.

ИнтелБрокер тврди дека успеал и да ја компромитира платформата СИРИУС што ја користат судските и органите за спроведување на законот од 47 земји, вклучително и земјите-членки на ЕУ, Велика Британија и земји кои имаат договор за соработка со Европравда и Канцеларијата на Европското јавно обвинителство (ЕППО).

SIRIUS се користи за пристап до прекугранични електронски докази во контекст на кривични истраги и постапки.

Покрај објавувањето на слики од екранот на онлајн корисничкиот интерфејс на EPE, IntelBroker открил и мал примерок од базата на податоци EC3 SPACE која наводно содржи 9.128 записи. Примерокот содржи, се чини, лични информации на агенти за спроведување на законот и експерти за сајбер криминал со пристап до заедницата EC3 SPACE.

„Цена: Испратете понуди. Само XMR. Испратете ми порака на форумот. Потребен е доказ за средствата. Продажба само на реномирани членови“, стои во објавата на корисникот IntelBroker на хакерски форум.

ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во бездна на Шара

Две лица со „квадрицикл“ попладнето излетале од патот Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“ во бездна, при што се здобиле со повреди.

Две лица со „квадрицикл“ попладнето излетале од патот Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“ во бездна, при што се здобиле со повреди, а по интервенција на надлежните институции веќе се преземени од тим на Итна медицинска помош, информира Центарот за управување со кризи.

Несреќата била пријавена попладне во 16.06 часот на Eдинствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК. Преку конференциска врска со Полициска станица Попова Шапка е добиено известување дека на патниот правец Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“, две лица со „квадрицикл“ излетале од патот во провалија. Со нив имало уште едно лице со „квадрицикл“, но не можело да ги види ниту да ги слушне откако излетале.

Од ЦУК истакбнуваат дека веднаш беа извршени повеќе комуникациски координативни дејста од ЦУК, согласно барањата од терен и можностите.

-Во 16:50 часот, од ПС Попова Шапка известија дека со лицата се стапило во контакт, дека се живи но имале повреди и оти се извлечени за да може возило на Итна медицинска помош да ги преземе. Според последните известувања до ЦУК, лицата се веќе преземени од Итна медицинска помош и со медицинското возилото се на пат кон болница, се наведува во информацијата од ЦУК.

притисни ентер