Вкупно 32 лица заболени од пертусис на подрачје на Центар за јавно здравје Куманово

Вкупно 32 заболени од пертусис регистрира Центарот за јавно здравје Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Епидемиологот доктор Едита Размизи кажа дека од 32 пријавени лица на ниво на Центарот, во Куманово, заболени се 26 лица.

- Новозаболените се на домашно лекување. Станува збор за деца од 11 до 17 годишна возраст, сите се комплетно вакцинирани и се во општа добра здравствена состојба, изјави доктор Рамизи.

Во Кратово регистрирани се три случаи, во Крива Паланка два и еден случај има во Липково.

- Најважна е вакцинацијата која се спроведува тековно во вакциналните пунктови, изјави д-р Рамизи.

Од Центарот за јавно здравје велат дека продолжуваат мерките согласно укажувањата на комисија за заразни болести и институтот за јавно здравје засилени епидемиолошки истражувања, откривање сомнителни случаи, проверки на вакцинални статуси, изолации на заболени и препораки за привремено исклучување од установи, школи, градинки, едукативни центри, редовно и навремено пријавување на заболувања од матични лекари, епидемиолошки увиди кај вакцинанлни пунктови, препораки за вакцинирање на сите невакцинирани, непотполно вакцинирани, повикување за вакцинација, комуникации со надлежни установи да не се примаат на настава деца со сомнителна кашлица и температура, мерки за хигиена, забрани за посета во болницата на хоспитализираните …

Управниот одбор на Токсикологија заседава во четврток, треба да го потпише решението на ДСЗИ

Вонредниот состанок на управниот одбор на Токсикологија во четврток ќе треба да заседава и да го потпише решението на ДСЗИ со кое се забранува на вработените до кога им траел договорот да доѓаат на работа во клиниката.

Медицинскиот директор потпишува забрана за медицински лица на кои им престанал договорот да доаѓаат на работа, организациската директорка не става потпис и праќа приговор, велат извори на Канал 5, откако утринава државниот санитарен и здравствен инспекторат повторно влезе во клиниката за да провери дали 11 лица незаконски извршуваат работни задачи. И економската директорка Иљази со скенирано писмо каде вели дека медициснкиот директор е тој што ништо не потпишувал што е важно за клиниката. во петокот клиниката се поплави поради дупната цевка на парното. Токму и вработените реагираа дека ништо не функционира во клиниката и за тоа ја посочија економската директорка.

Петмина загинати во руски напад врз украинскиот „Хари Потер замок“

Бројот на жртви во руското ракетирање на популарно наречениот замок „Хари Потер“ во украинскиот град Одеса се искачи на пет.

Уште 32-ца се ранети во синоќешниот напад врз објектот каде е сместен правниот факултет во јужниот пристанишен град.

Според украинските власти, тие кои биле во зградата немале доволно време да се евакуираат, бидејќи сирените се активирале само неколку минути пред нападот.. По Киев и Харков, одеса е трет по големина град во Украина и до војната беше еден од клучните градови за економијата на земјата и популарно туристичко одморалиште..

Тројца кинески астронаути слетаа на Земјата по шест месеци поминати во орбиталната станица

Кинеското вселенско летало Шенжу-17 денеска се врати на Земјата со тројца астронаути кои ја завршија својата шестмесечна мисија на орбиталната вселенска станица, јавија кинеските медиуми.

Тројцата астронаути слетаа на локацијата Донгфенг во северниот дел на кинеската автономна област Внатрешна Монголија во пустината Гоби, нешто пред 18 часот по локално време.

Слетувањето се случи четири дена откако екипажот на вселенската капсула Шенжу-18 се спои со орбиталната станица за да ги замени космонаутите од Шенжу-17. /МИА

притисни ентер