Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во црквата „Св. Спас“ во Скопје денеска со положување цвеќе пред вечното почивалиште на Гоце Делчев беа одбележани 121 година од неговата смрт. 

Цвеќе положија претседателот на државата Стево Пендаровски, владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, собраниска делегација составена од Дарко Каевски, Даниела Николова и Велика Стојкова-Серафимовска, како и здруженија на граѓани....

Пред вечното почивалиште на Делчев се поклонија и партиска делегација на СДСМ предводена од потпретседателката на партијата Сања Лукаревска и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ преводена од лидерот на партијата Христијан Мицкоски, кандидатката за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски....

Точно напладне во Собранието е доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во областа на науката. Добитници на државната награда „Гоце Делчев“ годинава се проф. д-р Роберт Хадсон и проф. д-р Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија:од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ и д-р Ана Мартиноска и м-р Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963г.“ (од архивските материјали на Васил Хаџиманов).

Годишнината од смртта на Делчев е одбележана и во Штип каде се наоѓа истоимениот државне Универзитет. Според агендата, на одбележувањето ќе се обратат ректорот на Универзитетот Дејан Мираковски и градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од османлиската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер. По убиството на 4 мај 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Индијана се избори за мајсторка во серијата со Њујорк

Индијана пејсерс ноќеска го победи Њујорк никс во шестиот натпревар од второто коло на НБА плејофот со 116:103. Резултатот во серијата прв до четири победи сега е израмнет 3:3 и за пласман во полуфиналето ќе одлучува мајсторка.

Џејлен Брунсон со 31 поен беше најефикасен кај Њујорк, но тоа не беше доволно неговиот тим да се спаси од пораз.

Во победничката екипа се истакна Паскал Сиакам со 25 поени, седум скока и пет асистенции.

Седмиот натпревар во серијата ќе се одигра утревечер на теренот на Њујорк.

Победникот од оваа пресметка ќе оди на Бостон селтикс во конференциското финале на Исток. /МИА

Премиера на претставата за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

 Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје вечерва ќе се одржи премиера на претставата за млади „Адамс Фемили“ со адаптација и во режија на Теа Беговска.

-Фамилија Адамс е приказна со која сите сме растеле и за поголемиот дел од публиката е веќе позната. Карактерите се препознатливи, многу атрактивни и предизвикувачки за креирање, како за актерите така и за режисерот. Оваа идеја за Фамилија Адамс за Теа Беговска постои повеќе од осум години и е среќна што Албанскиот Театар за деца и млади му даде шанса на овој проект да се реализира токму со ваква прекрасна екипа на актери. Имаме подела за карактерите која е полн погодок кај нас, се посочува во најавата за претставата.

Претставата е намената за млади и тинејџери, но и за возрасните, за родителите и сите семејства.

-Претстава во која како тема се проткајува љубовта и разбирањето за тоа дека таа е најсилна од се’. Прифаќање на нештата онакви какви што се. Разбирање за тоа дека убавината е во различноста, среќата е во различноста. Среќата како начин и избор, а не нешто наметнато и научено според правила. Вредностите на општеството се учат и применуваат само преку различностите, а не преку строги, одредени и единствени правила. Вредностите на едно семејство не се тоа што го пишува во учебниците, вредностите на семејството не се однапред измислена и научена дефиниција на памет – семејството е искреност, верба, љубов, прифаќање – целосна хармонија, се посочува во соопштението.

Во претставата играат Валдета Исмаили, Мелика Кастрати, Мумин Абдулахи, Деа Пајазити, Флакрон Али, Елдин Широки, Гзим Жерка и Блерим Дардишта.

Сценографија е на Дардан Ахмети и Теа Беговска, костими на Андреј Папаз Ѓоргиевски, композитор е Енес Беговски, мајстор за звук Албин Сопа, мајстор на светлата Елмедин Брахими и Амет Чајани, сценски работник Ќамуран Шапка и Јетмир Адеми, а гардероба на Месер Џемаили./МИА

Утринска уметничка акција на Озбек Ајваз

Во денешните утрински часови, уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната ,,Лотус” во гратскиот парк во Скопје, го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, кое е дел од проектот за проблемот со јавните вециња во градот.

Со последната акција, тие скааат да прикажат едно предлог решение, па за тоа претставуваат една макета -констрикција со испринтаниот тоалет во паркот. Тоалетот би бил изведен од метална контрукција, обложен со дрвени панели, неговите димензии би биле минимални 150 X 250 X 250 сантиметри, за да биде поекономичен за масивно производство и за понатамошно одржување. Исто така овој тоалет би имал можност да се постават и соларни панели на кровот, и исто така да има извор на природна вентилација и светло. Екстериерот на тоалетот би имал зелени ѕидови (вертикално поставени растенија), кои би служеле како разубавување на градот и истите би се наводнувале преку поставениот дождовник од кровот на тоалетот.

Од страната на макетата има прикажано мапа на Градот Скопје, со означени локации каде би биле идеалните места во градот каде што се најнеопходни највеќе тоалети за главниот град и општините.

притисни ентер