Во Киев почнаа да уриваат споменик, изграден во чест на пријателството меѓу Русија и Украина

Властите на Киев денеска почнаа да го отстрануваат споменикот од советската ера што ја означува врската меѓу Русија и Украина, повеќе од две години откако Москва започна инвазија на Украина.

Неколку дена ќе бидат потребни за целосно уривање на споменикот од црвен гранит, кој се состои од дваесетина поединечни елементи, соопшти градската управа.

Тоа е всушност група статуи кои прикажуваат украински Козаци кои го опкружуваат лидерот Бохдан Хмелницки и московскиот амбасадор. Се наоѓа под челична инсталација во форма на виножито во близина на бреговите на реката Днепар, објави Киев Индипендент.

Статуите кои тежат меѓу шест и седум илјади тони ќе бидат префрлени во воздухопловниот музеј.

Споменикот е изграден во 1982 година за да го одбележи „обединувањето на украинскиот народ со братскиот руски народ“ во 1654 година, кога Хмелницки склучи сојуз со рускиот император во борбата против полско-литванскиот сојуз.

Советските историски книги го романтизираа како почеток на нераскинливо пријателство меѓу Украина и Русија.

Кога Русија ја започна својата инвазија на Украина, градскиот парламент на Киев го преименуваше 35-метарскиот челичен лак над статуите. Од мај 2022 година, поранешната „Славна порта на пријателството меѓу народите“ е именувана како „Славна арка на слободата на украинскиот народ“.

Властите, исто така, отстранија две бронзени фигури под лакот во април 2022 година, кои претставуваат руски и украински работник.

Бентли се пофали со редизајнираниот Continental GT со над 700 КС

Редизајнираниот Continental GT на Bentley ќе биде првиот модел придвижуван од новиот хибриден погонски систем на британската ултра луксузна марка и ќе биде претставен во јуни.

Bentley објави дека четвртата генерација на Continental GT ќе биде најмоќното возило во историјата на компанијата. Погонскиот систем V8, кој Bentley го нарече Ultra Performance Hybrid, има околу 739 КС и автономија од 80 километри само со електрична енергија.

Ова е замена на Bentley за неговиот познат мотор W12, кој ќе заврши со производство ова лето. Бентли исто така го намалува производството на својот 4.0-литарски твин-турбо V8 мотор.

Bentley објави фотографии од редизајнираното купе во камуфлажа и дизајнот непогрешливо е оној на Continental GT. Промените во стилот на Continental GT беа главно еволутивни откако за прв пат беше претставен во 2002 година.

Ова останува клучен модел за Bentley и е вториот најпродаван модел на марката на глобално ниво, веднаш зад теренецот Bentayga. Bentley очекува да го произведе 100.000-тиот Continental GT на почетокот на 2025 година.

Bentley вели дека редизајнираниот модел ќе има погон на сите тркала, управување со четири тркала, електронски диференцијал со ограничено лизгање и „нов сет на технологии“.

Град и пороен дожд го погоди кумановскиот регион- големи штети врз насадите

Интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер попладнево го зафати поширокиот кумановски регион. Во неколку села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаше појава на град.

Од Регионалниот центар за управување со кризи - Куманово информираат дека е пријавена штета на кров од викендица во Младо Нагоричане и уништени се родни дрвца, во липковско има пријави на штети на земјоделски површини.

Во урбаните средини во Куманово поради големата количина на дожд и недостиг на атмосфера канализација водата се слева по улиците.

На улицата „11 Октомври" пријавена е поплава на дворно место во чија близина има трафостаница за што е информирана ЕВН, соопштија од РЦУК-Куманово./МИА

Израелците срамнија со земја бегалски камп во Газа, петмина загинати во нападите на Рафа

Израелските сили денеска влегоа подлабоко во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, изјавија локалните жители, додавајќи дека во израелските воздушни напади загинале најмалку пет лица во јужниот град Рафа.

Симултаните израелски напади на северните и јужните рабови на Појасот Газа овој месец предизвикаа нов егзодус на стотици илјади жители во енклавата и значително ја намалија испораката на хуманитарна помош, а со тоа го зголемија ризикот од глад на населението.

Во Џабалија, бегалски камп изграден за цивили кои побегнале пред 75 години, израелската армија употребила булдожери за да ги отстрани продавниците и другите згради во близина на локалниот пазар, објавија жителите.

Израел објави дека се вратиле во тој камп, за кој пред неколку месеци соопштија дека е ослободен од борците на Хамас, со цел да ја спречи милитантната група да се прегрупира таму, тврди израелската армија.

Здравствените власти и итните служби објавија дека десетици тела се наоѓаат под урнатините на куќите во Џабалија, но спасувачите не можат да пристапат до нив. „Израел урива камп врз главите на луѓето, бомбардирањето не престанува, а светот бара повеќе храна да влезе во Газа. Сакаме да спасиме животи, а нема дополнителна храна“, рече Абу Ел-Насер, жител на Џабалија кој побегнал во градот Газа.

Повеќе од 35.000 Палестинци загинаа во израелската офанзива на Појасот Газа, тврдат локалните власти, додавајќи дека бараат уште најмалку десет илјади, затрупани под уништените згради.

Израелската армија еден ден претходно објави дека уништила „околу 70 терористички локации“ во енклавата, вклучувајќи складишта за оружје, ракетни фрлачи, воени инсталации и набљудувачки пунктови.

На југот на енклавата, во израелски воздушен напад загинаа три деца во куќа во Хан Јунис и најмалку пет лица, од кои три деца, во куќа во Рафа.

притисни ентер