Воз во Јапонија тргнал со доцнење од неверојатни 17 минути, патниците сепак не се налутиле

Не попусто велат „точен како јапонски воз“.

Во оваа земја времето се почитува до тој степен што ако (по некое чудо) воз доцни неколку минути, патниците добиваат формално извинување.

Следната приказна раскажува за возот Шинкансен (булет воз), чие поаѓање доцнело 17 минути!

Од Централната железничка компанија соопштуваат дека возот пристигнал во Токио од Нагоја, а тргнувањето за Осака било привремено прекинато. Причината е повеќе од бизарна.

Имено, персоналот забележал змија од 40 сантиметри како „се лизга“ на подот во еден од вагоните, пренесува UPI.com.

Повеќе од 600 патници морале да се префрлат во друг воз бидејќи Шинкансен бил исклучен од мрежата, а змијата подоцна била фатена.

Властите истражуваат како таа завршила во возот.

„Тешко е да се замисли дека змија сама ќе влезе во воз на една од станиците. Имаме правила кои забрануваат внесување на диви животни. И покрај ова, ние не го проверуваме багажот на патниците“, било соопштено.

Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

Актуелната виша советничка за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Магдалена Гроно, дополнително е именувана и за негова нова главна дипломатска советничка. 

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата.

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС. /МИА

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес

​За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.

Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

притисни ентер