Битиќи: На 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите

Пред 7 години бевме доведени пред граѓанска војна само поради лична и тесно-партиска кусогледост и алчност на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред 7 години бевме доведени пред граѓанска војна само поради лична и тесно-партиска кусогледост и алчност на ВМРО-ДПМНЕ. Насилно и крволочно влегоа во Собранието бидејќи не сакаа да ги ослободат заробените институции“, вели во видео обраќањето по повод упадот во Собранието на 27 април 2017 година, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

„Ова ВМРО-ДПМНЕ денес е истото од тој 27-ми април пред 7 години. Тоа го гледаме во секоја нивна порака за раздор и поделба и денес кога повторно ја бараат вашата доверба.

Затоа на 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите и да се обединиме. А тоа зло - НИКОГАШ да не се повтори“, вели Битиќи и порачува дека „ние не сме случајни минувачи низ нашата Македонија – ајде заедно да бидеме архитектите на една стабилна и европска иднина за нас и нашите деца“.

Битиќи: Премногу длабоки се лузните од ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните да му простат

„Не може да го заборавиме 27 април, 2017 година, кога државата беше доведена на раб од граѓанска војна само за тоа што Груевски не сакаше да ја напушти власта. Режимот сакаше да не сврти едни против други, политичката битка да ја направи меѓуетничка. Ова не смее да се заборави, не смее да им се прости, бидејќи денешното ВМРО-ДПМНЕ го водат истите тие кои беа зад завесите на овој трагичен ден за нашата демократија“, порача на денешните средби со жителите на скопската општина Чаир, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Потпретседателот на СДСМ, Битиќи истакна дека кај ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател на државата, Гордана Силјановска нема место за различности, во нивниот тесен политички поглед, секој е еден кој не ги прифаќа ксенофобичните ставови е исклучен, маргинализиран и отфрлен.

„Кај нив нема место за граѓаните кои веруваат во Македонија дека може да биде европски дом, во кој ќе има место за секого. Но имаат една несреќа, а тоа е дека тие граѓани се многу повеќе отколку што се ВМРО-ДПМНЕ и за тоа на 8-ми мај да им го покажеме патот кон буништето на историјата“, порача Битиќи.

Тој апелира на парламентарните и претседателските избори, да се покаже европска зрелост и да не му се даде шанса на национализмот повторно да ја освои државата.

„Да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите, бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, упати повик до жителите на Чаир, потпретседателот на СДСМ, Битиќи.

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Почна судењето на негувателката, која уби бебе врзувајќи го за вреќа грав- негира вина

Воспитувачката во градинка, Кејт Роули (37) е обвинета дека предизвикала смрт на бебе кое го држела врзано за вреќа со грав повеќе од еден час во градинката каде што работела.

Кејт го пронашла деветмесечното бебе помодрено и онесвестено по попладневната дремка во градинка на 9 мај 2022 година, објави Би-Би-Си.

Го врзала бебето за вреќа со грав и цело време го игнорирала плачот и врескањето на бебето.

Судењето за убиството на бебето продолжи денеска, а негувателката Кејт изјавила дека не се чувствува виновна.

„Ја заспав на страна, немаше причина за грижа додека не сфатив дека не дише“, изјавила Кејт.

Потоа одговарајќи на прашањата на адвокатот објаснила за што не чувствува одговорност.

„Јас сум одговорна затоа што тоа се случи додека бев на смена, но мислам дека моите постапки не доведоа до смрт на бебето“, рече таа.

Негувателката потоа објаснила дека не мислела дека направила нешто незаконско.

„Го правев истото како и секој ден. Се однесував кон починатото бебе исто како што се однесував кон другите деца“, рекла таа.

Таа открила и дека не поминува ден, а да не размисли што се случило.

Кејт цело време негирала дека е виновна за убиство од небрежност, а судењето ќе продолжи во наредните денови.

Со денови имала болки и едвај дишела- докторите ѝ извлекле нешто ужасно од носот (ФОТО)

Неименувана жена од Тајланд повеќе од една недела страдала од болки на лицето и проблеми со дишењето.

Кога почнал да и крвари од носот, отишла во најблиската болница.

Лекарите веднаш ја прегледале, а рендгенот открил нешто вознемирувачко, пренесува NDTV.

Била донесена одлука проблемот подетално да се истражи со помош на ендоскоп, а потоа биле откриени повеќе од 100 црви како се виткаат во ноздрите.

За среќа, жената не се здобила со сериозни повреди, а откако ги извадиле „непоканетите гости“ брзо закрепнала.

Експертите истакнаа дека црвите би можеле да „мигрираат“ во блиските органи, очите и мозокот, што би довело до посериозни компликации, па дури и до смрт.

Болницата ја објави бизарната снимка на Фејсбук и откри дека 59-годишната жена се лекувала од инфекција на синусите пред да започне крварењето. Дури тогаш била откриена вистинската причина за проблемот.

Потсетуваме, лекари во Португалија нашле куп црви во увото на 64-годишен маж, а откако тој се пожалил на болка, чешање и крварење.

Минатата година беше хоспитализиран, а по отстранувањето на паразитот целосно закрепнал.

Си во посета кај Орбан: Ја прошируваме соработката и на нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан на третата и последна станица од неговата прва европска турнеја по пет години.

Во време на десничарскиот Орбан, Унгарија стана важен трговски и инвестициски партнер на Кина, за разлика од некои други земји од ЕУ кои размислуваат да станат помалку зависни од втората по големина економија во светот.

Си доцна синоќа пристигна во Будимпешта по посетата на Франција и Србија. Во Париз, претседателот Емануел Макрон и шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го притиснаа да обезбеди порамномерна трговија со Европа и да го искористи своето влијание со Русија за да стави крај на војната во Украина.

По средбата, Си и Орбан рекоа дека нивните земји го подигнале нивото на соработка на „сеопфатно стратешко партнерство“.

„Сметаме дека ова е нова почетна точка за подигање на билатералните односи и прагматичната соработка на повисоко ниво“, рече Си.

Тоа, меѓу другото, значи дека двете земји ја прошируваат соработката и во нуклеарната индустрија, рече Орбан.

Двете земји ќе постигнат напредок и во изградбата на клучните проекти, вклучително и проектот за железница Будимпешта-Белград, рече кинескиот претседател.

Проектот вреден 2,1 милијарда долари, од кој најголемиот дел е финансиран со заем од Кина, е дел од Иницијативата „Појас и пат“, амбициозен план започнат од Си пред една деценија со надеж за изградба на глобална инфраструктура и енергетски мрежи што ќе ја поврзат Азија со Африка и Европа.

Унгарија и Кина, исто така, ќе започнат со подготовки за брза железница што ќе го поврзе центарот на Будимпешта и нејзиниот аеродром, изјавија министрите.

Кина и Унгарија ја слават 75-годишнината од дипломатските односи.

Орбан почна да ја приближува својата земја до Пекинг откако дојде на власт во 2010 година.

притисни ентер