Јакимовски: Како претседател ќе се залагам за силен развој на туризмот во Македонија!

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Стевчо Јакимовски, денеска оствари средба со граѓани на Охрид.

На средбата Јакимовски ги претстави седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори.

Дополнително Јакимовски нагласи дека охридско-струшкиот регион, кој е познат по туризмот, мора да добие сеопфатна поддршка од институциите и од Претседателот на државата за развој на туризмот, особено на високиот туризам и искористување на сите потенцијали кои ги имаат и овој регион, но и целата држава.

Како што истакна Јакимовски, треба да го направиме автопатот од Свети Стефан до Свети Наум, треба да видиме како можеме да се поврземе со Ресен, треба да направиме тунел под Галичина, треба да направиме мастер-план за Галичица, значи летото да го поврземе со зимата. Тоа се мастер-плановите коишто треба да ги предлага и да ги иницира еден претседател на држава.

Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп

На граничен премин Табановце вчера околу 13 часот полициски службеници  лишиле од слобода 49 годишен Грк  поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, соопштиј а од МВР.

- При пасошка и гранична контрола на возилото „Форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението.

„Гответе со Дракче“ - Плескавица со компир

Во понеделник (29.04.2024) во емисијата гостин ни беше Јане Рафајловски.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. компири

3 лажици брашно

1 главица кромид

сол и зачини по желба

масло за пржење

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во акција по повод шестдеценискиот јубилеј.

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во денешната акција што сами ја организираа по повод шестдеценискиот јубилеј. Како што информира утрово претседателката на Судот Добрила Кацарска, со ова институцијата ја покажува и својата хумана страна.

-Уставниот суд одбележува 60 години постоење и по повод овој јубилеј најави низа активности. Вработените дадоа идеја една од тие акции да биде и крводарителската, што значи Судот ја покажува и својата хумана храна. Повеќе од половината вработени се пријавија за давање крв или од вкупно 60 повеќе од 30 се согласни да дадат крв, изјави Кацарска.

Акцијата се одржува под мотото „Биди хуман - спаси живот”, во соработка со Црвен крст на Република Македонија. Почна во 9 и ќе трае до 14 часот.

Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето крв и мотивирање на поголем број луѓе за доброволно дарување.

притисни ентер