Ковачевски не ги отфрла предлозите на Мицкоски за укинување на Балансерот и бројот на пратеници

Лидерот на СДСМ Ковачевски не ги отфрла ад хок идеите на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на балансерот при ваботувања во јавната администрација, намалување на бројот на пратеници и воведување на една изборна единица.

Лидерот на СДСМ Ковачевски ад хок не ги отфрла предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на балансерот при ваботувања во јавната администрација, намалување на бројот на пратеници и воведување на една изборна единица, но смета дека уставните измени за откочување на европскиот пат сега се приоритет за државата. Според него балансерот е воведен од влада на ВМРО-ДПМНЕ, но согласен е дека се злоупотребува и смета треба да има поширок политички консензус за негово надминување.

Во напуштањето на владејачката коалиција на некои од коалициските партнери Ковачевски гледа различни мотиви, но не, како што рече, идеолошки. Потврди дека нема да предложи разрешување на лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, иако тој најави дека ќе премине во опозиција поради неисполенти ветувања, а вчера изјави дека би се вратил во коалиција со СДСМ за плата од 5.000 евра.

-Тој најави дека ќе ја напушти коалицијата, а утрово посочува дека би се вратил во коалицијата. Јас вака му кажав, дека без разлика дали ќе ја напушти или нема да ја напушти – јас нема да предложам негово разрешување. Јас сум имал коректен однос со сите коалициони партнери, изјави Ковачевски.

Според Ковачевски во СДСМ нема незадоволство, а пратеничките листи кои се објавени ќе бидат конечни. Коалицијата која што вчера ја потврдија нема да се проширува вели тој, а се разговара за соработка со граѓанскиот сектор.

Самарас: Извештајот на Дора Бакојани не ја претставува Грција

Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас ја критикуваше Дора Бакојани, известувачот за прием на Косово во Советот на Европа, посочувајќи дека нејзиниот извештај за Косово не ја претставува Грција, ниту културата и традициите на таа земја.

„Грозните работи што се случија неодамна во врска со Косово не ги претставуваат Грција и хелинизмот“, рече Самарас.

Тој додаде дека Грција попрво треба да се занимава со одбележувањето на 50-годишнината од турската инвазија на Кипар, наместо, како што рече, „да го влече хеленизмот по опасни патеки, како со резолуцијата за Косово“.

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда

Дали Спасовски спие мирно со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле на 27 април.

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи со одговорност, или ќе продолжи да кради и распродава.

А кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање кој највеќе искористи со настаните на 27 април?

Кој направи влада после овие настани?

Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска?

Како Русковска пред време ги знаела пресудите за 27 ми април според јавните сведоштва изнесени во јавноста?

Дали мирно спие Спасовски со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле?

Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле, а им ги товарија и препишаа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Најтрофејниот европски тренер останува на клупата на Партизан

Легендарниот тренер на кошаркарскиот клуб Партизан, Жељко Обрадовиќ потпиша нов двегодишен договор со црно-белите од Белград.

Трофејниот тренер според договорил продолжување на соработката со својот омилен клуб за уште две години.

Рекордерот на Евролигата на клупата на црно белите повторно седна во 2021 година по скоро 30 години работа во најдобрите европски клубови.

Под негово водство експресно клубот се врати во најсилното европско натпреварување, каде во првата сезона по враќањето беше блиску до пласман на фајналфор турнирот.

Минатата сезона Партизан по 10 години стана шампион во АБА лигата, а сезонава црно белите се вистинска атракција за сите љубители на кошарката од Европа и се убедливо најгледаниот кошаркарски клуб на Стариот континет .

-Ова е мој клуб, мој град. Горд сум што ја продолжуваме соработката, истакна Обрадовиќ.

притисни ентер