Министерката за култура ќе ја тужи Арсовска за клевета по пожарот во Универзална

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска контра градоначалничката Данела Арсовска. 

На обвинувањата дека министерската знаела за пожарот а не пријавила, Костадиновска најави тужба за клевета до градоначалничката. Во врска со обвинувањата пак, за упадот во системот на јавни набавки, министерката нагласи дека тоа било карактеристика за едно друго време кога градот и државата ја воделе оние кои ја направиле Арсовска градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера до Министерството за култура градоначалничката испратила барање за раскинување на договорот за реконструкција. Барањето според министерката е без никакво правно дејство затоа што според процедура, треба да биде донесено од советот на градот, доколку тоа се случи, Град Скопје ќе треба да ги врати средствата кои Министерството ги вложило.

Арсовска вчера на прес конференција побара објаснување врз основа на што се темели изјавата на изведувачот дека причина за пожарот е стар кабел или стара инсталација и врз основа на кој проект е продолжено да се реконструира Универзална сала, а побара одговори зошто Костадиновска не го пријавила пожарот во моментов кога дознала дека Универзална сала гори.

Поднесено обвинение против поранешниот хрватски министер Баножиќ

Според извештаите, во текот на истрагата биле сослушани десетина сведоци и извршени неколку вештачења. 

Обвинителството во Винковци денеска поднесе обвинителен акт против поранешниот хрватски министер, Марио Баножиќ (45), неполни пет месеци по покренувањето на истрагата и речиси половина година од сообраќајната несреќа во која животот го загуби Горан Шариќ на 11 ноември минатата година.

Според Јутарњи лист, обвинетиот Баножиќ бил во близина на Винковци, а на пат кон ловиштето, возел автомобил Нисан по десната сообраќајна лента, надвор од населеното место од правец на Винковци кон Жупања и постапил спротивно на Законот за безбедност во сообраќајот, наведе обвинителството.

-Обвинетиот се товари дека возел со несоодветна брзина и дека почнал да престигнува група возила, односно преминал на левата страна на улицата наменета за сообраќај од спротивен правец, иако поради маглата била намалена видливоста. Тој е обвинет дека почнал да престигнува иако сообраќајната лента не била слободна на доволно растојание за да може безбедно да претекнува, имајќи ја предвид брзината на неговото возило и возилото што го престигнувал, се вели во соопштението на обвинителството.

Според извештаите, во текот на истрагата биле сослушани десетина сведоци и извршени неколку вештачења. /МИА

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6% од БДП

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за состојбата на јавниот долг заклучно со 31 март 2024 година. Согласно објавените податоци јавниот долг изнесува 8.769 милиони евра што претставува 58,6% од БДП.

Во првиот квартал се издадени државни хартии од вредност во износ од 219,2 милиони евра, повлечени се средства во износ од 175,5 милион евра по основ на склучени кредитни аранжмани со странски кредитори, како што е повлекувањето на втората транша од ММФ од кредитната линија за претпазливост и ликвидност и 57,6 милиони евра по основ заеми за јавни претпријатија и АД основани од државата и општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје. При тоа извршена е и исплата на обврски по основ на главнина за надворешен долг во износ од 82,7 милиони евра.

Министерството за финансии ја објавува состојбата на јавниот долг на квартално ниво, а при пресметката на јавениот долг во однос на БДП се користени податоци за вредноста на БДП за период 2005 - 2024 година, за 2022 година користен е податок за вредност на БДП објавен на веб страната на Државниот завод за статистика, додека податоците за 2023 се прелиминарни податоци на Државниот завод за статистика, а 2024 година е проектирана вредност на БДП на Министерство за финансии.

Исто така, денеска согласно утврдената динамика, Министерството за финансии ги објави податоците за состојбата на државниот долг кој заклучно со 31 март 2024 година изнесува 7.544 милиони евра што претставува 50,4% од БДП. Состојбата на државниот долг се објавува на месечно ниво.

Министерството за финансии транспарентно ги објавува овие податоци на својата веб-страница. Последниот податок укажува дека јавниот долг е во дефинираните граници со новиот Закон за буџети. Со новиот Закон за буџети е воспоставено правило со кое јавниот долг не треба да надминува 60% од БДП, што е согласно и со Мастришките критериуми. Министерството за финансии останува на определбата за одржување на јавниот долг на стабилно ниво и во рамки на утврдените критериуми.

Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“

Конфликтот во Украина мора брзо да се прекине за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“, а тоа е можно само со пораст на промировните сили на европските парламентарни избори.

Конфликтот во Украина мора брзо да се прекине за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“, а тоа е можно само со пораст на промировните сили на европските парламентарни избори, изјави денеска во главниот град на Таџикистан, Душанбе унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

- Војната претставува сè поголеми предизвици поради постојаното зголемување на масакрот и уништувањето, зголемената испорака на оружје и затоа што некои европски политичари се вовлечени во лудилото на војната, до точка каде што лудилото на нуклеарната војна се појави и во европскиот дискурс. Воената лудило во Западна Европа доби нова димензија и се претвори во еден вид нуклеарна војна. Слушнавме како францускиот и полскиот претседател зборуваат за можноста од нуклеарна војна, посочи Сијарто.

Тој додаде дека ако војната во Украина продолжи да се шири, веројатно ќе ескалира во трета светска војна, а можеби и во нуклеарна војна, „и во тој случај сè и сите ќе бидат изгубени, што никој здрав ум не може да го посака“.

Сијарто повика на прекин на огнот и мировни преговори што е можно поскоро.

притисни ентер