Секојдневна рутина на 80-годишна баба за порцелански тен (видео)

Една повозрасна дама од Кореја стана популарна на Интернет по својата блескава и свежа кожа, откако нејзината внука сподели видео со трикови за нега на кожата.

Брчките, старечките дамки и губењето на колагенот се природен дел од стареењето на кожата, но многу луѓе тешко го прифаќаат овој процес, обидувајќи се да најдат начини за да го задржат свежиот изглед на кожата што е можно подолго. 80-годишната Тошико Ето стана позната откако нејзината 36-годишна внука Јури Ли од Лос Анџелес објави видео на кое бабата се појавува со блескава кожа.

Нејзината внука тврди дека баба ѝ сето тоа го постигнала без ботокс и филери, а нејзините придружници беа љубопитни да слушнат како оваа баба го одржува својот младолик и свеж изглед.

Ли за локалните медиуми открила дека нејзината баба се грижи за својата кожа уште од својата 20-та година, што е потсетник за тоа дека нашата кожа ни возвраќа во позрелите години доколку сме ја негувале уште од раната младост, кога сè уште изгледала беспрекорно.

Бабата ја има својата секојдневна рутина за нега

Во изминатите 60 години, Ето следи дневна рутина за нега на кожата, користејќи некои производи на кои останала доследна со децении. Еден од нејзините вообичаени производи е лосионот за навлажнување, што таа го прска на лицето. Дерматолозите велат дека овој лосион содржи активна состојка дикалиум глициризинат, кој го изедначува тонот на кожата и помага во одржувањето на хијалуронската киселина, пренесува Business Insider.

Друг производ кој е незаменлив во секојдневната рутина за нега на кожата на oваа баба е серумот со витамин Ц, специјална есенција за избелување. Дерматолозите истакнуваат дека формата на витаминот Ц во овој производ помага да се поправат оштетувањата од УВ зраците, го поттикнуваат создавањето на колаген и помалку ја иритираат кожата. Витаминот Ц помага и при хиперпигментација и го изедначува тенот на кожата. Покрај тоа, г-ѓа Ето нанесува уште еден серум кој содржи транексамична киселина која го подобрува тенот. Оваа баба користи и хидратантна крема против брчки, како и подлога која содржи церамиди кои помагаат во обновување на кожната бариера. По миењето користи ноќна крема.

Не се изложува на сонце

Ли открила дека нејзината баба не излегува често надвор и дека ја штити кожата од сонцето. Од друга страна, за Business Insider, дерматологот д-р Тина Алстер изјави дека генетиката и заштитата од сонце се двата најважни фактори кои придонеле за младешкиот изглед на кожата на г-ѓа Ето.

Алстер изјавила дека секојдневната рутина за нега на кожата на оваа баба веројатно минимално придонела за нејзината кожа без брчки. Таа додала дека, на пример, ако витаминот Ц е со соодветна јачина и формулација, тој е најдобриот производ во нејзината програма.

Додатоци и протеини

Исто така, Ето 20 години секојдневно пиела протеински прав од соја и витамин Ц во прав измешани со екстракт од суви сливи. Освен тоа, таа додала дека и маслото од авокадо е исклучително заслужно за нејзиниот беспрекорен тен.

Истражувањата покажаа дека доволниот внес на протеини позитивно влијае на здравјето на кожата. Витаминот Ц помага да се заштити кожата од сонцето и е поврзан со намалување на брчките.

@yurileeeee She has literaly the most beautiful skin i’ve ever seen!! #grandma #grandmatiktok #beautifulskin #flawlessskin #skincarevideo #glassskin #skincarroutine ♬ Cartoon Eye Blinking Sound - Anna

Моќта на ферментираната храна

За корисниците на Тикток, оваа баба открила дека можеби храната што ја внесува е позаслужна за нејзината кожа отколку гелот против брчки. Таа изјавила дека има обилен појадок и дека оброците најчесто ги приготвува дома. На нејзината трпеза доминира зеленчукот и ферментираната храна, вклучувајќи ја и традиционалната јапонска кујна која вклучува ферментирана соја.

Ферментираната храна, според експертите, е поврзана со здравјето на цревата, кое пак е поврзани со здравјето на кожата. Иако сите овие фактори се важни за убава кожа, генетиката и заштитата од сонце играат најголема улога, тврдат експертите.

Извор: srecna.republika.rs

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

Ден на македонската дипломатија - 55 години од основањето на МНР

 Во Министерството за надворешни работи денеска се одбележува 55 години од неговото постоење. 

По повод Денот на Министерството за надворешни работи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе одржи прес-конференција, а вчера дипломатскиот клуб од Скопје го одбележа Денот на македонската дипломатија со садење дрво пред зградата на МНР и посета на Меморијалниот музеј на АСНОМ во Пелинце.

Македонската дипломатија своите почетоци ги има во Бирото за односи со странство формирано во 1969 година. Република Македонија имаше свои дипломати кои работеа во југословенската дипломатија во Белград и во странство, како и во републичкиот орган за односи со странство. Во 1991 година овој орган прерасна во Министерство за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи ги врши работите што се однесуваат на надворешните работи и надворешната политика на Република Северна Македонија.

Една од најзначајните дипломатски активности на ова Министерство беше претседавањето со ОБСЕ кое ја одбележа изминатата 2023 година кога нашата држава беше домаќин на Самитот на ОБСЕ.

притисни ентер