Сиљановска Давкова од Вевчани порача: Народот не можете да го излажете!

Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова од Вевчани порача:  Народот не можете да го излажете! Луѓе кои менуваат ставови секој ден, забораваат не само на своето достоинство, туку на достоинството и гордоста н

Денеска, 27 април, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг од претседателските избори беше во Вевчани каде што оствари средба со граѓани.

Во своето обраќање од Вевчани, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова порача: Народот не можете да го излажете! Луѓе кои менуваат ставови секој ден, забораваат не само на своето достоинство, туку на достоинството и гордоста на државата!

Вевчани е гордо! Таа гордост, вие вевчанци, ја пренесувате низ генерациите. И кога се одржува Вевчанскиот карневал, вие умеете преку маските и театарот да докажете дека со микроскопска прецизност ја анализирате и критикувате власта, мислам дека нема човек во Македонија кој не е горд на вас!

Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан, не зашто сакам вулкани, туку затоа што како професорка можам да предвидам извесни состојби. Таа состојба ја гледам, каде и да одам има реки на народ!

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста за поддршката.

Наместо да се замислат зошто граѓаните не гласаат за сегашниот претседател, бидејќи сигурно има причина, слушаме изјави дека ќе почнеле од нула. Народот не можете да го излажете, ви дал еднаш шанса.

Не можете да барате уставни измени, за сега да почнете преговори, а велите сте ги отвориле преговорите. Во суштина не сте ги започнале.

Ставот мора да извира од консензусот внатре во државата. Учењето е многу добра работа, можеме да учиме или треба да учиме и од соседите од Грција, Бугарија... Било која власт кога ќе дојде таму, велат дека тие се должни да ја почитуваат Декларацијата на парламентот. Претседателот мора да има конзистентен став, не може еднаш да речете дека не сте ја виделе преговарачката рамка, вторпат да речете дека не ја прифаќате, третпат да речете дека сте учествувале во нејзино креирање. Не смеете да се негирате себеси оти ако застапувате 3 различни става во еден кус период, тогаш вие нема да бидете почитувани. Луѓе кои менуваат ставови секој ден, забораваат не само на своето достоинство, туку на достоинството и гордоста на државата!

Промената на власта е битна за да се спречи гневот. Со Грците имаме проблеми, но имаат еден убав збор се вика „тимос“ - потреба за признание. Кога правите нешто добро и вредно очекувате признание, ако не доаѓа тоа станувате гневни. Гневот се истури на изборите, ама луѓето од власта тоа не можат да го видат.

Во тешка криза ни е судството. Па знаете дека во врска со Академијата за судии и јавни обвинители, јас се одважив среде кампања да покренам постапка пред Државната комисија за спречување на корупција, зашто среде изборен процес ако донесувате одлуки кој ќе заснова работен однос на Академијата има опасност од политичко влијание.

Ветувам дека ќе се однесувам поинаку од овој претседател. Ветувам дека ќе ве направам горди!

Марија решила да пушти брада и станала позната низ цел свет, сопругот ја поддржува (ВИДЕО)

Марија да Консеисао (47) решила да ги остави предрасудите на страна.

Со текот на времето, таа станала популарна на социјалните мрежи, каде ги повикува луѓето да се прифатат себеси такви какви што се.

На Инстаграм е позната како „Барбудиња“ (брадеста), а претходно открива дека „не ги допирала влакната на лицето, затоа што пати од вишок тестостерон“, пренесува Лакале Блу радио.

„Тетка ми имаше брада, но ја избричи. Тоа е генетско кај нас. Кога мајка ми ги забележа првите влакна на моето лице, почна да ми ги бричи. Се плашеше од предрасуди, дека луѓето ќе ми се смеат“, изјавила Марија од Бразил.

Кога станала полнолетна, решила повеќе да не ја бричи брадата и конечно почнала да се „чуствува комплетна“.

Марија е во брак со Тињо Силва, а заедно се 17 години. Одлуката да пушти брада за малку ќе довела до развод, но на крајот тој ја прифатил нејзината одлука.

Покрај тоа, тој поттикнал да биде активна на социјалните мрежи. Неговата сопруга е многу активна на мрежите и се обидува да испрати силна порака до луѓето - сакајте се такви какви што сте.

По 12 дена љубов, сфатил дека невестата му е маж, но и тоа не е нејчудното (ВИДЕО)

Млад Индонезиец го доживеал својот животен шок откако дознал дека се оженил со маж, по што во паника повикал полиција.

Локалните медиуми ги објавија деталите за бизарната приказна која има вистински филмски пресврт, пренесува Oddity Central.

Сѐ започнало на интернет, каде А.К.(26) ја запознал Адина Канза Азахрај. По некое време, бил договорен состанок, а момчето признало дека веднаш се заљубил.

Не му пречело тоа што Адина го крие лицето, користејќи хиџаб или превез. Всушност, нејзината срамежливост уште повеќе го заинтригирала, па решил да ја запроси.

Адина прифатила, но рекла дека не сака свадба бидејќи „нејзината мајка починала“ и „не била во контакт“ со нејзиниот татко. Тврдела дека нема семејство да го покани на свадбата.

Парот се одлучил за дискретна церемонија одржана во нивното село и тогаш работите станале уште почудни.

Имено, Адина сепак не го симнала превезот, одбила да се дружи со семејството и пријателите, како и да го „конзумира бракот“.

Младиот човек им се пожалил на своите роднини, кои решиле да ја истражат историјата на жената, па токму тогаш почнала да се расплетува приказната. Го пронашле таткото, кој објаснил дека има син, а локалните медиуми ги објавиле само иницијалите Е. С. Х.

Штом слушнал дека се оженил со маж, А.К. повикал полиција.

„Е.С.Х.(26) признал дека барал пари од оштетениот. Секогаш кога барал, добивал. Нему ќе му биде поднесена кривична пријава и ќе се соочи со четири години затвор“, изјавил полициски извор.

Понатаму се наведува дека уапсениот по шминкањето имал „женски изглед“, што му овозможило да ги измами луѓето.

Најпознатиот светски Јутјубер подарува 26 Тесли, една е посебна

Најпознатниот Јутубер на светот, MrBeast, објави дека по повод неговиот 26-ти роденден на своите следбеници им подарува 26 автомобили Tesla.

"Го славам мојот 26-ти роденден, па на моите следбеници им подарувам 26 Тесли! Лајкнете ја оваа објава и означете двајца пријатели во коментар за да учествувате. Следете ме за да ви испратам порака ако освоите Тесла. Победниците ќе да бидат објавени за седум дена. Споделете го ова на вашата приказна и помогнете им на вашите пријатели да освојат Тесла“, напишал тој.

На овој линк е објавен и документ со сите детални правила на надградувачот на MrBeast.

Потсетуваме дека Џејмс Стивен Доналдсон, попознат како MrBeast, е најследен Јутјубер денес со над 240 милиони следбеници на таа платформа. Во 2023 година, тој беше најуспешниот дигитален креатор, според Форбс. Неговата проценета бруто заработка е дури 82 милиони долари.

притисни ентер