Убавото и затегнато лице како да сте во своите 20-ти години стана тренд во последните децении и нешто што се подразбира, па многу луѓе одлучуваат макар на кратко да се „спротивставуваат“ на стареењето и да ги „запрат“ годините така што се подложуваат на козметички корекции.
Доколку сте меѓу оние дами кои сепак преферираат природна нега и достојно ги носат своите години, имаме решение.
Имено, некои „инфлуенсерки“ на Тикток тврдат дека кората од банана прави чуда така што го затегнува нивното лице и му дава сјај. Шминкерката Кејти Џејн Хјуз од Њујорк, објави видео во кое го испробува овој тренд со цел да го покаже природниот ефект од кората на банана, а тоа наиде на одличен одѕив меѓу лицата што ја следат на Тикток, за ова пишуваше Дејли меил.
@katiejanehughes Banana skin facial #bananas #fyp #BananaSkin #ViralHack #Skincare #Natural #WhyNot #TryThis#funny #itworks ♬ original sound - Katiejanehughes
Таа во видеото наведува дека овој третман позитивно влијае на нејзиното лице. Со внатрешноста на кора од банана Кејти го масира лицето и остава да делува околу 10-тина минути, а потоа го мие. Кејти Џејн Хјуз изјавила дека ова е еден од најевтините производи кои можете да ги користите и дека по примената на овој третман, нејзиното лице буквално блеска, кожата ѝ е мека на допир, а порите значително се намалени. Исто така, вели дека попрво би користела кора од банана како третман наместо ботокс или хијалурон.
Официјалната потврда од дерматолозите засега нема, туку сè се сведува на лични искуства.
- Ова ме враќа во деновите кога сокот од лимон се користеше за осветлување на кожата.
- Ова го правам секое утро и ова ѝ годи на мојата кожа.
- Со тоа, исто така, може да ги премачкате и чевлите, ќе блескаат.
- Ова го пробав кога бев помлада и кај мене имаше лоша реакција - беа дел од коментарите.
Многу корисници потврдија дека тие лично или некој од нивното семејство го користеле овој третман, истакнувајќи дека бананата има слични ензими како папајата и може да ја измазни и затегне кожата. Една корисничка изјавила дека нејзината баба навечер користела јајце за лицето, а наутро банана или манго, нагласувајќи дека нејзината баба има одлично негувано лице.