Ванковска: Политичкиот плурализам, бара плурализам

„Во политиката се прави слика на биполарен свет и тоа ми пречи“

Рамковниот договор, не е ниту меѓународен ниту правно обврзувачки, знаеме како беше донесен.

Во Либан се избира претседател во собрание со некакви клучеви.

И ние треба да бараме некои работи, и моите студенти Македонци и Албанци гледаат дека некои полуписмени типови водат политика.

Целиот устав е проблематичен, не само поради рамковниот договор, мора да разговараме за теми кои се сметаат за табу.

Не може да живееме со страв и закана, насилството не е решение на ниту еден проблем, би сакала да ги убедам Македонците дека и тука е убаво

Мојот став кон уставот е радикален, тука отпаѓаат сите малцинства.

Ако главниот столб на ЕУ е Франција, а Макрон бара да се праќаат војници во Украина, тоа е трета светска војна.

Би ја прекинала помошта за Украина, таму мора да се постигне примирје таму по секоја цена.

Ние сме специјалниот случај во ЕУ, бугарскиот договор одма да се прекине тој не е ни поврзан со францускиот предлог.

Во Газа се гази меѓународното право, а ние сме се фатиле за преспанскиот договор кој што не’ поништува како нација.

Бајден и Трамп прифаќаат дебата пред претседателските избори

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот противкандидат на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, соопштија дека прифаќаат јавна дебата пред изборите.

81-годишниот Бајден, кој се кандидираше за втор мандат, во радио интервју, прашан дали би учествувал во јавна дебата со неговиот 77-годишен претходник од републиканците рече дека „со нетрпение би го очекувал“.

Ова е прв пат Бајден јасно да стави до знаење дека е подготвен за дебата со својот републикански ривал.

Трамп, кој одби да учествува во дебати дури и со ривалите од сопствената партија, пак изјави дека е подготвен за дебата со Бајден „во секое време, каде било“.

Блинкен се очекува во Саудиска Арабија на самит за глобална економија и за Газа

Највисокиот дипломат на Вашингтон е меѓу лидерите кои се очекуваат на економскиот самит организиран од Саудиска Арабија, што треба да почне в недела, со силен фокус на тешката војна во Газа, рекоа организаторите.

„Американскиот државен секретар Антони Блинкен „ќе дојде директно од неговите посети во Кина и на пат за Израел“, рече Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум на прес-конференција денеска во Ријад.

Други учесници на дводневниот специјален состанок се палестинскиот претседател Махмуд Абас и министрите за надворешни работи и премиерите од целиот Блиски Исток и од Европа.

Тие вклучуваат министри за надворешни работи од Франција, Германија, Обединетото Кралство и ЕУ и премиери од Катар, Јордан, Египет и Ирак, се вели во соопштението на СЕФ.

„Вкупно 12 шефови на држави и влади се појавуваат меѓу повеќе од 1.000 учесници“, рече Бренде.

Отворен нов Тинекс маркет во општина Илинден

По повод годинешниот 30-годишен јубилеј, Tинекс отвора уште е неколку нови маркети.

Денеска беше пуштен во употреба маркетот во скопската општина Илинден.

притисни ентер