Невестата доживела катастрофа пред свадбата- остана без венчаница од 1.200 евра (ВИДЕО)

Необичен инцидент се случил во Јужна Австралија, а невестата открила како останала без венчаницата од 1.200 евра.

Линдел Кејн и Том Митон дошле во магацин во Аделаида за да соберат некои предмети. Кутијата со свечениот фустан ја ставиле на покривот на џипот и тогаш почнуваат проблемите.

Избраникот на Линдел имал најдобри намери, па кутијата со венчаницата ја ставил на покривот за да не се изгужва, пренесува New York Post.

Меѓутоа, кога завршиле со ставање на работите, момчето заборавило да ја стави кутијата во багажникот!

„Стигнавме до трговскиот центар и тогаш сфати што се случило. Се вративме назад, го паркиравме возилото и тргнавме покрај патот каде што брзаа камионите. Се обидувавме да ја најдеме кутијата“, објаснила идната невеста.

Очајната девојка му нуди награда од 300 евра на тој што ќе го најде фустанот и ќе го врати до свадбата закажана за февруари 2025 година.

„Тоа ќе биде одличен свадбен говор“, се пошегува Линдел, додавајќи дека нејзиниот избраник се кае за сѐ.

Таа вели дека Том заплакал кога видел колку е вознемирена.

„За маж кој не е многу емотивен, вчера имаше многу емоции“, заклучила таа.

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Народната банка, на денот на монетарната самостојност, 26 април, традиционално ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството. 

Овогодишниот добитник на првата награда е младиот истражувач Никита Ристовски за неговиот труд „Економски раст поттикнат од интеграцијата: Случајот на интеграцијата на Македонија во Европската Унија“. Годинава, беше доделена и втора награда за трудот „Монетарната политика и каналите на цените на средствата во контекст на регионализацијата на берзите во земјите на поранешна Југославија“ на Стефан Таневски.

При доделувањето на наградите, младите истражувачи остварија средба со гувернерката на Народната банка, како и со Одборот за оценување трудови, којшто го сочинуваат вицегувернерката Ана Митреска, претседател и членовите Билјана Давидовска-Стојанова, директорка и Гани Рамадани, заменик-директор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување. На средбата со младите истражувачи беше искажана поддршка за нивниот придонес кон научноистражувачката работа. Беше истакнато дека основната цел на Народната банка за организирање на Конкурсот за Годишната награда, веќе осумнаесет години, е да се афирмираат младите истражувачи и да се даде придонес кон развојот на истражувачката дејност во земјава во областа на макроекономијата и банкарството.

Во согласност со досегашната практика, наградените трудови ќе бидат презентирани на некоја од следните сесиите на Клубот на истражувачите на Народната банка, којшто служи како центар за развој на истражувачката мисла и мрежа за поврзување на истражувачите од ова поле на интерес.

Пригодното одбележување на монетарната самостојност преку чинот на доделување на Годишната награда ги отсликува залагањата на Народната банка за постојано јакнење на научноистражувачката мисла во прилог на макроекономската стабилност, раст и развој. Инаку, Народната банка одбележа 32 години од монетарното осамостојување, односно од осамостојувањето како централна банка и од воведувањето на националната валута – денарот. За овие 32 години, напорите на централната банка беа насочени кон обезбедување макроекономска и финансиска стабилност, како фундаменти за економскиот раст и развој, работејќи особено на јакнењето на сопствените капацитети, односно на напредокот на човечките ресурси. Залагањата и резултатите на Народната банка во изминатите години се признаени од сите релевантни меѓународни организации, а таа е согледана како современа професионална институција, со висок кредибилитет.

Народна банка на Република Македонија

Модриќ трет странец според бројот настапи за Реал

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ изминатата вечер стана третиот странец со најмногу настапи за Реал Мадрид, објави клубот основан пред 122 години.

Модриќ беше дел од победата од 1-0 на гости кај Реал Сосиедад со која Реал е на чекор до освојување на шпанската титула.

За 38-годишниот капитен на хрватската репрезентација тоа беше негов 527. натпревар за „Кралскиот клуб“, со што се израмни на вечната листа со легендарниот бразилски играч Роберто Карлос.

Пред нив се само Бразилецот Марсело со 546 настапи и Французинот Карим Бензема со 648 натпревари.

Хутите истрелаа три проектили кон два брода во Црвеното Море

Американската војска соопшти дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички проектили врз два брода во Црвеното Море, при што лесно е оштетен британски танкер за нафта.

Американската централна команда (ЦЕНКОМ) во објава на платформата Икс соопшти дека танкерот за нафта МВ Андромеда Стар е оштетен, а проектил паднал во близина на друг брод, МВ Маиша, но не го оштетил.

Од ноември минатата година, Хутите напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и беспилотни летала во знак на, како што велат, поддршка за палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.

притисни ентер