Нов кикс на Ливерпул, сè подалеку од титулата

 Во првиот натпревар од 35. коло на англиската Премиер лига немаше победник, во Лондон Вест Хем и Ливерпул одиграа 2-2.

Мохамед Салах во игра влезе дури во 79. минута од натпреварот. Непосредно пред да влезе на теренот, египетскиот фудбалер влезе во вербална расправија со тренерот Јирген Клоп, веројатно незадоволен што доби шанса на крајот за да го „спаси денот“.

На последните четири првенствени натпревари Ливерпул забележа само една победа, со едно реми и два порази и е сè подалеку од шампионската титула,

Арсенал води на табелата со 77 бодови од 34 натпревари, пред Манчестер сити со бод помалку и натпревар помалку. Ливерпул остана третопласиран со 75 бодови од 35 натпревари.

Мајкл Џордан не можеше да ги задржи солзите додека отвораше клиника во својот роден град(ВИДЕО)

Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан отвори клиника во родниот град Вилмингтон, Северна Каролина, а за време на својот говор не можеше да ги задржи солзите.

Џордан донираше 10 милиони долари на организацијата „Novant Health“ со што овозможи отворање на две дополнителни клиники во Шарлот.

Клиниката ќе биде достапна за физички лица кои не се осигурени, како и за лица со лоша финансиска состојба.

Најдобриот кошаркар на сите времиња е познат како голем хуманитарец, а неговото богатство се проценува на околу три милијарди долари.

– Уверен сум дека новата клиника ќе има позитивно влијание врз поединци и семејства низ Вилмингтон – рече Џордан, по што заплака.


Ексклузивен лондонски клуб, стар 200 години, конечно им дозволи членство на жените

Членовите на ексклузивниот лондонски машки клуб Гарик, основан во 1831 година, во вторникот донесоа историска одлука со која им дозволија на жените да бидат членови, објавија денеска британските медиуми.

На гласањето што се одржало во вторникот вечерта, 60 отсто од вкупно 1.500 членови на клубот Гарик го поддржале предлогот за промена, пишува Њујорк Тајмс.

Членовите се собраа во клубот во центарот на Лондон, Ковент Гарден, историското место на основањето на Здружението за борба против ропството и Фудбалската асоцијација, сметајќи го нивниот собир како значаен.

Состанокот на членовите на клубот Гарик започнал во 17:00 часот, а во следните два часа биле изнесени аргументи за и против прием на жени во традиционалниот машки клуб, чии членови меѓу другите го вклучуваат и британскиот крал Чарлс III. , вицепремиерот, десетици лордови, десетина пратеници и бројни угледни адвокати.

„Извонредниот клуб ќе стане уште поизвонреден и ќе продолжи да цвета наместо да умира“, рече еден член кој го поддржал приемот на жените.

Гласањето било закажано откако еден од најистакнатите членови и добро познат адвокат Лорд Пеник изјавил дека нема ништо во постоечките правила на клубот што би ги спречило жените да им се дозволи да се приклучат.

Костадиновска-Стојчевска: Од Мајските оперски вечери научивме дека културата прави чуда

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на 52. Мајските оперски вечери, рече дека сè додека ги слушаме фанфарите со „Триумфалниот марш“ на Верди не треба да стравуваме.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на 52. Мајските оперски вечери, рече дека сè додека ги слушаме фанфарите со „Триумфалниот марш“ на Верди како го означуваат почетокот на нашата меѓународно признаена манифестација не треба да стравуваме.

Таа додаде дека фестивалскиот оган ќе гори сè додека постои нашата љубов кон Нејзиното Височество – Операта. „ Мајските оперски вечери се повеќе од празник, тие се круна на децениските напори на генерации македонски уметници да создадат и да остават гласовна трага за долги времиња“, рече министерката за култура насочувајќи го вниманието и кон изложбата посветена на макеоднската примадона Милка Ефтимова.

„Тоа се тие генерации врвни уметници на кои им ја должиме сета наша почит зашто од нив научивме дека културата е мисија која прави чуда. Со задача да го промени и да го спаси светот“, рече министерката за култура на отворањето на Мајските оперски вечери.

По церемонијата на палење на фестивалскиот оган од страна на оперската певица Славица Галиќ-Петровска, следеше премиерата на „Трубадур“ од Верди, во режија на Иван Поповски, светски познатиот македонски режисер, кој има голем број оперски поставки во Русија, а кој за прв пат режира опера во сопствената држава.

Диригент беше Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија, костимите се на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во операта „Трубадур“ настапуваат Зоран Сотиров, Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Сања Анастасиа (Србија), Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, како и Хорот и Оркестарот на НОБ. Репризата е на 11 мај, со диригентот Иван Еминовиќ и солисти од Канада и Чиле.

На Мајските оперски вечери ќе се изведат и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија и операта „Валкира“ на Вагнер (18 мај), со која ќе гостува Софиската опера и балет.

Ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, а ќе има изведба и на камерната опера „Свадба“, со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.

Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“.

притисни ентер