ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

 Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест  по повод Меѓународниот ден на трудот 1 мај. 

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во отворено писмо до јавноста посочува дека работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради, како што наведува, односот на креаторите на политиките кои покажаа дека водат грижа исклучиво за себе и за своите интереси, а не водат грижа за работниците, работничките права и работничките интереси.

- Денеска, работниците во Македонија се соочуваат со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати. Синдикатите покажаа дека можат напорно да работат во интерес на нивните членови и во интерес на работниците. Синдикатите покажаа дека секој сам може да постигне резултат, но имаме можност сплотени да покажеме одлучност во работничката борба, онака како што вашите и нашите членови очекуваат и онака како што работниците очекуваат од нас, наведува тој во писмото повикувајќи го членството на протест.

Трендафилов посочува дека на 1 мај работниците имаат можност и шанса да покажат дека се незадоволни и дека сите тие кои претендираат да ја водат државата треба да го слушнат гласот на работниците.

-Имаме можност да го покажеме нашето, работничкото незадоволство и заедно да излеземе на голем работнички протест на 1 Мај, особено поради можноста, пораките, нашите и работничките барања да ги упатиме на неколку денови пред парламентарните избори до сите тие кои претендираат да ја водат Државата. Како Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија ве замолувам да покажеме одлучност во борбата, борбата која е заедничка, за подобро утре и за подобри работнички права, наведува Трендафилов.

На протестот очекува на ССМ да му се придружат и членови на други синдикати и граѓани.

На Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом до Собрание - Стопанска комора - Влада.

Мал клуб по 110 години го освои Купот на Белгија

Фудбалерите на Унион Сент Жилоа по третпат во својата историја ја освоија титулата победник на Купот на Белгија, откако во финалето, во Брисел, го совлада Антверпен со минимални 1:0.

Голот кој го реши победникот го постигна јапонскиот фудбалер Коки Мачида во првата минута од судиското надополнување на првото полувреме. Унион Сент Жилоа го освои домашниот Куп по трет пат, но за прв пат по многу далечната 1914 година.

Минатата година овие два клуба играа во полуфиналето на Купот, а потоа славеше Антверпен, кој на крајот на краиштата ја освои титулата победник по конечната победа против Мехелен. Антверпен останува со четири победи во Купот на Белгија.

Мицкоски: До 28 мај има можност коалицијата „Твоја Македонија“ да консолидира 61 пратеник

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува до 28 мај да биде формиран новиот парламент и најавува дека до тој термин има можност ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ да консолидира 61 пратеник.

-Веќе има најави од новите пратеници кои планираат да ја поддржат новата влада. Очекувам до 28 мај да консолидирам како претседател на партијата 61 пратеник. Вие споменавте 58 пратеници или нешто повеќе од 436.000 гласови нешто што до сега е не запаметено на толкава излезеност и на толкав процент на освоени гласови од позиција на опозиција. И ценам дека овој историски резултат можеби многу тешко понатаму би се повторил, рече Мицкоски вечерва во емисијата „Само интервју“ за Канал 5.

Тој повторно потврди дека коалицијата Вреди ќе биде нивниот главен коалициски партнер, која ја оцени како вистински претставник на албанската заедница во земјава, и додаде дека во идната влада се добредојдени сите кои ќе ја почитуваат предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

- Со освојување на 107.000 гласа, коалицијата ВРЕДИ го потврди својот кредибилитет за да бидат кредибилен партнер на идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. На секого ќе му дадеме шанса иако не очекувам ДУИ да ги прифати новите политики на владата. Ахмети се опкружи со погрешни луѓе затоа негова одговорност е да оди во опозиција. Сепак, потребни ни се 80 пратеници во Парламентот за системски реформи и затоа секому ќе му дадеме шанса, рече Мицкоски.

Најави дека демографијата и фертилитетот ќе бидат голем предизвик за новата влада и порача дека ќе се реформираат министерствата и ќе има префрлање на надлежности од едно во друго министерство, како и дека повеќе нема да има министри без ресор.

Утре, како што кажа, ќе има средба со коалициските партнери од „Твоја Македонија“ на која ќе ги слушне и нивните мислења и предлози за идната коалициска влада.

- Неформални комуникации со потенцијалниот коалициски партнер Вреди постојат и сега, но најпрво треба да имаме средби со коалицијата „Твоја Македонија“ и да одбереме луѓе кои ќе преговараат, а за нив треба одобрение да ни дадат и органите на партијата, посочи Мицкоски и додаде дека не сака да води преговори под притисок и ултиматум, туку со дијалог и аргументи.

Нагласи дека тој е првиот што сака да ја види земјава во ЕУ, но додаде дека не прифаќа ултиматуми со кои, како што рече, македонскиот народ ќе ги плаќа грешките на некои неразумни политичари.

-Мора да покажеме карактер ако сакаме да не почитуваат, а не да бидеме потчинети, потенцира Мицкоски.

Траги на подморница на дното на Атлантикот ја подгреаја теоријата за „бегството на Хитлер“

Подморницата пронајдена на дното на Јужниот Атлантик им припаѓала на нацистите и можеби била користена за префрлање на нивните водачи во Аргентина.

Подводното истражување започнало во 2022 година во близина на брегот на пристанишниот град Квекен, во најнаселената провинција Буенос Аирес, пренесува АП.

Многу историчари и нацистички ловци веруваат дека подморницата била користена и за „евакуација на Хитлер“, во време кога сојузниците ја освојувале Германија.

Ова е и најпознатата теорија за нацистичкиот водач, која инспирирала книги и документарни филмови.

АП известува дека нуркачите пронашле „јасни знаци на потекло“ на подморницата долга 24 метри.

Експертот за оружје од Втората светска војна, Фабио Бишиоти, го потврди откритието по истражувањето на крајот на април, објави Сан.

Нацистичкиот ловец Абел Басти објасни:

„Подморницата беше ископана до палубата и уништена со експлозив, што беше тешкотија. Мора да се направи детална реконструкција. Но, експертите јасно ги идентификуваат соодветните делови на германската подморница“.

Се додава дека куполата и перископот се со исти димензии како и на подморниците кои биле заробени за време на војната.

А новата истрага на организацијата „Група за изгубена врска“ наводно укажува дека нацистичките лидери, како што е Хитлер, успеале да заминат во Јужна Америка.

Според една верзија, која е популарна меѓу теоретичарите на заговор, Хитлер не се самоубил во 1945 година, во својот бункер, туку починал на 80-годишна возраст во Јужна Америка, патувајќи во Чиле, Бразил, Боливија, Колумбија и Парагвај.

притисни ентер