ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда

Дали Спасовски спие мирно со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле на 27 април.

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи со одговорност, или ќе продолжи да кради и распродава.

А кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање кој највеќе искористи со настаните на 27 април?

Кој направи влада после овие настани?

Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска?

Како Русковска пред време ги знаела пресудите за 27 ми април според јавните сведоштва изнесени во јавноста?

Дали мирно спие Спасовски со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле?

Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле, а им ги товарија и препишаа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Тајван

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди кинескиот регион Тајван.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.

Тој беше почувствуван и во главниот град Тајпеј и на источниот брег на Тајван.

Светски ден на физичката активност

Промовирање на физичката активност и нејзината улога во одржување добра здравствена состојба, е целта на Светскиот ден на физичката активност што се одбележува денеска.

Апели за редовна физичка активност по тој повод упати Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) укажувајќи на придобивките.

- Физичката активност е дефинирана како „секое телесно движење произведено од мускулно-скелетниот апарат, кое троши енергија“ и е важно за подобрување и одржување на општата здравствена состојба на секој поединец. Физичката активност е битна за многу форми на управување со болката. Повеќето упатства за акутна мускулно-скелетна болка се фокусираат на совети за зголемување на физичката активност. Најефективните третмани за постојаната мускулно-скелетна болка се однесуваат на физичката активност или онаму каде што таа е доминантна компонента - на пример, аеробни вежби, или каде што има поголема употреба на психолошки принципи. Неколку биолошки механизми може да бидат одговорни за тоа, како физичката активност може да ја намали болката, или да спречи повторување на болка. На пример, рутинската физичка активност може да го подобри составот на телото, преку намалени маснотии во пределот на стомакот и поголема контрола врз телесната тежина, појаснуваат од ИЈЗ.

Како што нагласуваат од Институтот, активниот начин на живот ги зголемува силата, флексибилноста и аеробната кондиција, учествува во намалување на системското воспаление - на пример намалување на циркулирачките воспалителни медијатори како што е Ц-реактивниот протеин.

- Може да ги подобри психолошката благосостојба - преку намалување на стрес, анксиозност и на депресија, како и квалитетот на сонот. Исто така, може да ја подобри самоефикасноста, по пат на управување на болката и зголемување на способноста за движење, додаваат од ИЈЗ.

Но, постојат и митови околу физичката активност и болката.

- Вообичаено, луѓето веруваат дека движењето е опасно кога некој има болка и треба да чекаат болката да се намали пред да се активираат. Овие митови треба да се отфрлат и да се поттикнат луѓето што побрзо да се вратат на физичката активност. За намалување на болката, ниту еден вид физичка активност не е посупериорен во однос на друг. На пример, пешачењето, возењето велосипед, јогата и така натаму, имаат слични ефекти врз нивото на болката и инвалидитетот. Клучниот фактор е придржувањето - па затоа е многу важно секој поединец да избере активност во која ужива. Секаков вид физичка активност е корисно, но, таа не е широко прифатена во нега на клиничката болка, истакнуваат од ИЈЗ.

Оттаму додаваат дека кампањата „Во движење“ (On the move), на Европската федерација за болка, има широка примена и е преведена на повеќе од 10 јазици, со цел да им укаже на луѓето, за важноста на редовната физичка активност.

Светскиот ден на физичката активнсот првпат е одбележан во 2002 година од Светската здравствена организација (СЗО), со цел да се подигне свеста за придобивките од физичката активност за севкупното здравје и да се охрабрат луѓето да усвојат поактивен начин на живот.

ССК: ФИТР со нов повик „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации“

-Крајниот рок за доставување на апликациите е 04.06.2024 година, до 14.00 часот, прецизираат од ССК.

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) објави нов повик за Инструментот за финансиска поддршка „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации“ преку кој обезбедува финансиска поддршка во максимален износ од 20 милиони денари, ги информира своите членки Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

Финансиската поддршка, како што посочува ССК, е за претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 и чиј годишен приход во последните две години е помал од два милиони евра до 70 отсто од вкупниот буџет на проект, односно за претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од два милиони евра, а помал од 10 милиони евра, финансирањето е до 60 отсто од вкупниот буџет на проектот.

-Крајниот рок за доставување на апликациите е 04.06.2024 година, до 14.00 часот, прецизираат од ССК.

притисни ентер