Сајкоски: На 8 мај да излеземе сите масовно и да ја донесеме големата победа на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 5 на денешниот митинг во рамките на претседателската и парламентaрната кампања во Струга потенцираше дека сите заедно треба да се обединат.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 5 на денешниот митинг во рамките на претседателската и парламентaрната кампања во Струга потенцираше дека сите заедно треба да се обединат за идејата за економски развиена држава, за држава со добра инфраструктура, добро образование и добро здравство.

-Сакам да ви порачам една работа која што треба сите да ја сфатиме во периодот што доаѓа, дали сакаме да живееме во подобра држава? Дали имаме раст и развој? Дали сакаме да имаме подобра економија? Дали сакаме нашите деца да останат тука? Ако го посакуваме тоа да се обединиме околу идејата за Македонија развиена држава, околу идејата за Македонија за добра инфраструктура, околу идејата за подобро образование и здравство, зошто и на моите браќа Македонци муслимани од околината и на Албанците што живеат тука и на сите стружани, охриѓани, кичевчани па и на тие и од Битола и од Ресен и од цела Македонија им е потребна добра инфраструктура и поголем економски развој и подобро здравство. Затоа да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ, околу коалицијата „Твоја Македонија“ и да донесеме огромна победа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече Сајкоски.

Тој во текот на своето обраќање побара за 12 дена по изборите да се донесе влада како во 90-тите години кога граѓаните излегоа на референдум за самостојна Македонија.

-Да донесеме влада онаква каква што очекувавме во 90-тите години кога излеговме на референдум за самостојна Македонија и на следните избори за 12 дена излезете референдумски, излезете со идеја со онаква каква што излегувавме во 90-тите години, кажа Сајкоски.

На крај Сајкоски порача:

-Излезете сите и оние кои не излегле првиот пат од разни причини. Да се обединиме за заедничка Македонија, за твоја, за наша Македонија, за развиена Македонија, за Македонија која ќе ги врати нашите деца однадвор, но и ќе ги задржи они кои сакаат да си одат од нашата држава. Сите обединете за голема победа на 8 мај, за победа на Македонија, за победа на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во партиското соопштение.

Денес е ден на Македонскиот јазик

Денеска Македонија го одбележува 5 мај – денот на Македонскиот јазик.

На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.

Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

Садик Кан третпат избран за градоначалник на Лондон

Садик Кан го освои рекордниот трет едноподруго градоначалнички мандат во Лондон на локалните избори во Англија на кои што неговите лабуристи ѝ нанесоа тежок пораз на конзервативната партија.

Кан, кој првпат беше избран во 2016, ја победи ривалката Сузан Хол со разлика од повеќе од 276.000 гласови.

„Мојата животна чест е да му служам на градот што го сакам. Во моментов сум многу понизен. Ова беа тешки неколку месеци, во кои се соочивме со кампања на постојана негативност. Горд сум што одговоривме на поттикнувањето страв со факти“, изјави 53-годишниот Кан, кој е и првиот муслиман кој беше избран за градоначалник на Лондон.

Тој истовремено го повика премиерот Риши Сунак да распише парламентарни избори.

Ди Марија пред трансфер во Турција

Турскиот гигант Бешикташ испраќа сезона полна со неуспеси и веќе размислува за новата кампања. „Црните орли“ се во потрага по нов тренер, а планираат и летни трансфер потези.

На „Тупраш“ има сериозен интерес за аргентинскиот ветеран Анхел Ди Марија и ќе преземат конкретни чекори за да го привлечат, тврди „ТРТ Спор“. Тоа се очекува да се случи во наредните денови.

Триесет и шест годишниот офанзивен играч за врска најверојатно ќе ја напушти Бенфика на крајот на сезоната бидејќи му истекува договорот. Има опција да се продолжи за уште една сезона, но тоа веројатно нема да се случи.

Ди Марија има втор престој во португалскиот гигант. Тој минатото лето се врати на „Луж“ откако го напушти Јувентус. Играше и за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Доколку дојде до трансфер на Аргентинецот во Бешикташ, тоа најверојатно ќе биде неговиот последен европски тим.

притисни ентер