Трендафилов: Половина од јавната администрација нема да добие усогласување со минималната плата

Вработените во здравство, полиција, образование, се само дел од секторите кои во месец април нема да добијат усогласување на нивната со минималанта плата – обвинуваат од Сојузот на синдикати. 

На 8 април излегуваат на протест, од пред зградата на ССМ па се до министерството за здравство, вработените во овој сектор ќе го искажат својот револт од не потпишување на анексот на колективниот договор. Првиот човек на ССМ ги повика сите административци да им се приклучат на протестот.

„Одредени сектори како што е дејноста здравство нема да добијат усогласување на нивните плати со порастот на минималната плата, нема да добијат ниту во дејноста образование, ниту во полиција, и неколку други дејности, каде ниту со колективен договор ниту со закон е предвидено вакво нешто, а протестот на 8 април ќе биде токму бо насока изразување на незадоволстовото од анкесот на потпишувањето на колективниот договор“, изјави Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Една недела претходно, работниците ќе излезат и на протест за враќање на работничкиот дом. Од пред Врховниот суд ќе побараат преиначување на одлуката.

„Имаат можност а ние во вторник ќе ги охрабриме да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на работничкиот дом од работниците и за доделување на државата, на државата не и треба уште една зграда и требаат работници, “изјави Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Најмалку 450 евра минимална плата во првите 100 дена на новата Влада, враќање платена хранарина и платен превозот за работниците се само дел од барањата, пак кои ќе бидат упатени на големиот традиционален прво мајски работнички протест.

Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер