Ковачевски не ги отфрла предлозите на Мицкоски за укинување на Балансерот и бројот на пратеници

Лидерот на СДСМ Ковачевски не ги отфрла ад хок идеите на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на балансерот при ваботувања во јавната администрација, намалување на бројот на пратеници и воведување на една изборна единица.

Лидерот на СДСМ Ковачевски ад хок не ги отфрла предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на балансерот при ваботувања во јавната администрација, намалување на бројот на пратеници и воведување на една изборна единица, но смета дека уставните измени за откочување на европскиот пат сега се приоритет за државата. Според него балансерот е воведен од влада на ВМРО-ДПМНЕ, но согласен е дека се злоупотребува и смета треба да има поширок политички консензус за негово надминување.

Во напуштањето на владејачката коалиција на некои од коалициските партнери Ковачевски гледа различни мотиви, но не, како што рече, идеолошки. Потврди дека нема да предложи разрешување на лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, иако тој најави дека ќе премине во опозиција поради неисполенти ветувања, а вчера изјави дека би се вратил во коалиција со СДСМ за плата од 5.000 евра.

-Тој најави дека ќе ја напушти коалицијата, а утрово посочува дека би се вратил во коалицијата. Јас вака му кажав, дека без разлика дали ќе ја напушти или нема да ја напушти – јас нема да предложам негово разрешување. Јас сум имал коректен однос со сите коалициони партнери, изјави Ковачевски.

Според Ковачевски во СДСМ нема незадоволство, а пратеничките листи кои се објавени ќе бидат конечни. Коалицијата која што вчера ја потврдија нема да се проширува вели тој, а се разговара за соработка со граѓанскиот сектор.

Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај

 Учениците од основните и средните училишта од утре, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година. 

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од деновите кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН кое, по реакции во јавноста и од синдикатите, ја повлече претходната одлука пропуштеното да се надомести во саботи.

Сончево и релативно топло

 Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Локална појава на попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува кон средината на следната седмица.

Дневен хороскоп за 28. април 2024 година

Дневен хороскоп за недела, 28. април 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но , ниту самите нема денеска да најдете душевен мир.

Кариера

Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате.

Здравје

Поработете на методите за релаксација.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Додека вие сакате со цела сила , расте нетрпението кај вас.Ќе мора малку подобро да се контролирате и се ќе биде добро.

Кариера

Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите.

Здравје

Најдете пет минути за пауза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите.

Кариера

Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни.

Здравје

Во секој случај, следува подобрување.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет.

Кариера

Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни , а вие вредно работите за да ги остварите.

Здравје

Излезете на свеж воздух.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво.

Кариера

Ново или старо , тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава пред понеделник . Како и да е , не ви е лошо.

Здравје

Забавувајте се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Малите игрички со кои сакате да потврдите што е , а што не е важно во приватниот живот , ќе ви биде главна преокупација.

Кариера

Не сонувате за нешто нереално , но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа . Имате право на нив.

Здравје

Мала кашлица.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе и одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста.

Кариера

Оние кои се занимаваат со истражувачки професии , денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат.

Здравје

Конечно имате позитивен став.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос , денеска нема да успеете. Препуштете и се на сегашноста и уживајте во неа.

Кариера

При смислувањето нова работна стратегија , ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени .

Здравје

Немојте да бидете алчни .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни.

Кариера

Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно.

Здравје

Посетете стоматолог.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вие го расположувате , партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина.

Кариера

Важно е да гледате каде одите.Вашиот пат секогаш е долг и далечен. така ви се чини и до утрешниот работен ден.

Здравје

Разведрете ги другите со хумор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро.

Кариера

Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано , ќе ви биде попријатно , а нема да изостанат ниту резултатите.

Здравје

Зголемена енергија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се , смирете се и бидете трпеливи и реални.

Кариера

Вашите деловни желби ќе бидат едно , а реалните можности нешто друго. Сепак ако почнете да го работите она што најдобро го знаете , резултатите ќе ве расположат.

Здравје

Емотивни фрустрации.

притисни ентер